Фјодор Достоевски – „Приказна за љубовта”

Не плашете се од човечките гревови, сакајте го човекот и во гревот, бидејќи кој го сака човекот грешен, ја препознава Божјата љубов, возвишена љубов на земјата.

Сакајте ги сите божји суштества и секоја ронка. Сите и сѐ. Секој лист и секој божји зрак. Сакајте ги животните, сакајте ги растенијата. Ако така сакаш – ќе ја разбереш и Божјата сила во работите.

И тогаш ќе го разбереш и животот со смирена љубов. Ако живееш така, цел свет ќе можеш да го придвижиш. Љубовната смиреност е страшна сила, од сите најјака, и нема равна на светот!

Секој ден и час, секој момент внимавај на себе и чувај се себеси, да ти биде ликот благопријатен. Ете си поминал покрај некое дете, те видело намуртен и лош, можеби таа слика останала во неговото ранливо и незаштитено срце.

Тоа веќе го знаеш, но можеби веќе си фрлил лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби ќе порасне, само поради твоето невоздржување, бидејќи во себе не си пораснал внимателна љубов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: