Кога ќе дојде тој момент, ти ќе знаеш…

Ќе го почувствува тоа човек, длабоко во себе. Ќе почувствува дека е време за пуштање. Понекогаш тоа е чувство на оштра болка, која само ќе те пресече и во очите ќе ја видиш сликата на крајот. Мислиш дека ќе се распадне се’ , бидејќи ти е тешко да пуштиш, тоа е единствена причина од која боли. Твоите очекувања.

Сепак, ти не сакаш да пуштиш, сеуште се надеваш, но, на што се надеваш, да те прашам? Да се сменат оние кои по 100-ти пат те предадоа? Љубов која никогаш не ја доби од нив? Или можеби, само тогаш кога знаеа дека ќе добијат нешто за возврат. Еден убав збор, кој тебе живот ти значи и тогаш, повторно удар во срце.

Зарем не знаеш дека луѓето така добро лажат? Кога ќе дојде време да пуштиш, пушти. Поради себе.

Отвори нови врати, можеби се наоѓаат 100 нови прилики, љубов која толку силно ја посакуваш. Затвори ја вратата која те измачува, додека не затвориш старо, како мислиш дека ќе дојде ново? Кој е тој, кој ја држи кваката? Единствено и исклучиво ти.

Само пушти и отпушти бидејќи вредиш многу повеќе. Биди си за себе вредна. Кој е моментот се прашуваш? Кога ќе дојде? Кога ќе дојде ти ќе знаеш, само послушај се себеси. Не нив.

Ако порано се слушаше себеси, можеби и порано ќе си одеше.

Марина Кнусел

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: