Односите завршуваат кога не се развиваат

Секоја врска се раѓа врз основа на некој проект кој е одреден во душите кога ќе се сретнат. Секој однос, всушност, има своја специфична функција, која има за цел да направи луѓето да растат како поединци, но и како пар.
Секоја врска, партнерска, пријателска, познаници или роднини има своја причина за постоење.
Пријателските врски можат да траат цел живот, ако чувството е взаемно и ја исполнува функцијата поради која се раѓа. Или може да заврши кога ќе пораснете, кога ќе најдете работа, можеби кога ќе се омажите или ожените. Пријателството може да заврши, бидејќи тука завршува неговата функција.

Помеѓу партнерите, понекогаш во другиот го гледаме својот татко или мајка, кој ни недостасува. Партнерот може да биде и личност која не’ учи, како што е односот помеѓу учител и ученик. Се’ додека оваа функција е исполнета, врската ќе продолжи, хранејќи ги потребите на двајцата. Но, ако оваа динамика заврши и брачниот пар не е во состојба да направи ‘квалитетен скок’, таа врска може да заврши.

Во случај на сложени и помалку решливи односи, улогата на жртва и сторител може да се менува, се’ додека постои меѓусебна зависност, па тоа ќе допринесе за повторување на динамиката на страдањето.

Значи, секоја врска има смисла. Еднаш кога функцијата на еволуцијата ќе заврши, односот има можност да се трансформира во нешто друго, можеби поинакво еволуциско, но мора да постои волја и свест од двете страни, бидејќи во спротивно се завршува.

Секоја средба има смисла, било да трае час, година или цел живот. Поради тоа не постојат ‘погрешни односи’ туку вистински односи за одреден моментот од нашиот живот. Ако успееме да ја имаме оваа ‘возвишена визија’ тогаш се’ добива поинаква перспектива и можеме да се ослободиме од злоба, страдање, жалење и горчина која често означува крај на односот.

Извор: https://aprilamente.info/le-relazioni-terminano-quando-non-evolvono

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: