Постојат три космички закони кои можат да ја исцелат вашата душа

1. Закон на поларност. Според законот на поларност, се’ има две спротивности. Без темнина нема светлина, без тага нема радост, нема внатрешност без надворешност, а здравје не постои без болест. Луѓето често знаат да се идентификуваат со еден дел од целината, а потоа страдаат кога другиот дел се манифестира во нивниот живот.

2. Закон на привлекување. Овој закон зборува за резонанцата на енергијата. Таа врста на енергија која е во нас, ќе привлекува енергија со сличен набој. Ако мислиме најлошо за себе и својата иднина, дури и ако тоа го правиме несвесно, ќе привлечеме најлошо, дури и болест.

Кога слични несакани ситуации во нашиот живот постојано се повторуваат, тоа значи дека резонираат со нешто што постои во нас, иако за тоа не сме свесни. Но, не е доволно само механички да се повторат афирмациите и да се пуштат во свемирот. Мора вистински да го искусимее својот внатрешен набој и да станеме свесни, за она што моментално не’ оживува и да научиме тоа да го менуваме пополека. Затоа е потребно да го промениме односот кон себе и да научиме да се сакаме себеси. Само ако го знаеме и го препознаеме квалитетот на енергијата која се наоѓа во нас, може нешто да се промени.

3. Законот на почеток. Законот на почеток покажува, дека она што почнува на одреден начин, тежи да се одвива на ист начин. Ако имате лошо утро, остатокот од денот веројатно ќе биде ист. Кога нешто ќе започнеме, треба да работиме со позитивна намера и енергија, што значи, дека мора да ја препознаеме негативноста во себе и свесно да и’ ја одземеме моќта.

Кога нешто сакате да добиете од Универзумот, како здравје и среќа, важно е и да дадете нешто за возврат. Вашиот долг е да бидете оптимисти и да верувате дека се’ ќе биде во ред, со позитивниот став во секој аспект од животот. Ако тоа го избегнувате, лесно може да дојде до нерамнотежа која предизвикува болест.

Извор: Sensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: