Секој од нас добива 7 знаци и пораки од Универзумот

Нашиот мозок не е само извор на мисли и информации, туку и еден вид на приемник кој ја прима и обработува секоја добиена информација, мисла, симбол и знак. Информациите од Свемирот се насекаде околу нас, бидејќи ние сме честички на космосот.

Апсолутно се’ во нашиот свет е меѓусебно поврзано, а се’ потекнува од истиот извор како и Вие, Земјата, Галаксијата, апсолутно се’! Начинот на кој живееме, може да не’ тргне од космичката цел која е во нашата душа.

Затоа космосот понекогаш е приморан да ни праќа пораки и сигнали за да не’ врати на своето вистинско место. Сите ние повремено добиваме космички информации. Меѓутоа, повеќето не ги забележуваат, а некои потполно ги игнорираат. Овие 7 знаци покажуваат дека примаме пораки од универзумот:

1. Изненадна инспирација. Инспирацијата е таканаречен ‘лет на умот’, неодолива желба нешто да се направи или создаде. Тоа обично се случува кога ќе започне нешто во вас да буди страст. Изненадната инспирација е знак, дека ги примате космичките информации, кои ве инспирираат да направите она што ќе ве донесе до вашата цел.

2. Сон. Според древните легенди, дел од вашата душа оди во друг свет додека спиете. Ова е свет на соништа, свет помеѓу вашата потсвест и стварноста. Таму можете да примите важни пораки од сопствената потсвест од космосот. Сонот во кој откривате нови идеи за себе, добивате совети за работи кои можеби не сте ги знаеле- сигурен се знак за примање на такви информации.

3. Знак кој наговестува. Тоа ни се случило повеќе пати: гледате филм и одеднаш го слушате и разбирате одговорот на прашањето, кое ве мачи веќе подолго време. Или во некоја песна ќе ги слушнете оние зборови за кои сметате дека мора да ги слушнете. На ист начин тоа се случува со знаците на улица или во некои белешки. Одеднаш го гледате одговорот! Сето тоа е начин на кој космичкиот ум ја контролира вашата потсвест и комуницира со вас.

4. Опседнатост со некоја идеја. Можете да напишете книга или да гледате некоја серија, да разговарате со пријатели или да лутате по улици, но што и да правите, постојано ве прогонува одредена идеја. Што и да направите, буквално ве привлекува. Ова е сигурен знак, дека космичкиот ум се обидува да го насочи вашето внимание на она што би требало да се фокусирате.

5. Геометрија. Се вели дека геометријата е јазик на Универзумот. Постојат одредени облици кои се нарекуваат ‘свети’ и содржат моќни пораки за секоја личност. Присуството на одреден облик во вашиот живот, сигурен е знак дека сте добиле порака која треба да се открие. Броевите, облиците, дури и буквите- се’ е тоа исто така геометрија. Затоа се’ што повторно и повторно се појавува треба внимателно да се анализира.

6. Необичен налет на емоции. Информациите не доаѓаат до нас само во рационален облик. Понекогаш е апстрактно и емоционално. Патем, овој вид на информации содржи најдлабоки одговори на најтешки прашања. Едноставен налет на емоции може да биде предизвикан од многу фактори. Но, изненаден налет на емоции, испратен со чуство на јасност и мотивација, сигурен е знак дека сте добиле космички информации.

7. Љубов. Чувството на љубов не е за некоја посебна личност или работа, туку за се’ што ве опкружува, една е од најневеројатните сензации на овој свет. Во тој момент се активираат рецепторите на вашето тело. Ова ви овозможува да ја забележувате космичката енергија, да ги примате нејзините информации. Влегувањето во ‘реката’ на ова чувство на безусловна љубов понекогаш се случува така одеднаш, што ни сами не сфаќате што се случува до крај. Едноставно се чувствувате дека сакате се’ и сешто. Ова е сигурен знак дека добивате информации за Свемирот.

Извор: Lovesensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: