Што ја прави жената неодоливо привлечно?

Нејзината способност дека му припаѓа на Животот, да го чувствува, проживува, штити.. Да создава врски со луѓето.. Нејзината виталност, надминување на препреките, посветеност кон целите, односите и даровите, со многу ентузијазам.

Нејзината желба да биде засолниште на доброто и убавото. Светлата енергија ја прави убава- кога сте со неа, имате чувство дека сте во контакт со убавината.. Кога ќе ја почувствувате убавината, таа станува дел од вашиот поглед, но мора да знаете како да ја почувствувате. Секоја личност не знае како да ја почувствува природата и животот околу себе и во себе.

Некои можат да го забележат само човекот пред себе, но не гледаат што се крие во него. Интересно е дека некои жени и покрај прекрасниот изглед, не се толку привлечни поради својата агресивност и крутост. Нејзиниот изглед и статус предизвикуваат восхит, таа може да стане популарна, но и понатаму ја нема таа магична привлечност. Таа може да успее, да стане влијателна и популарна со други средства на општествена моќ, но секако не со својата интимна привлечност.

Ако го набљудуваме само изгледот, можеби ќе забележиме естетско совршенство, но не и убавината која не’ освојува. За жал, жените го прават токму тоа: да привлечат внимание и да остават прекрасен впечаток со естетски изглед. Таа импресија е само моментална и трае колку што трае младоста.

Од друга страна, со помош на внатрешниот сјај, можеме да блескаме до крајот на својот живот, без оглед на старост и несовршеност на телото или лицето. Убавината е поврзана со нега, така да жената нежно, внимателно постапува кон своето тело, посветувајќи време за негување на својата убавина во триесетите или осумдесетите години.

Исто така, жената треба да се грижи за својата внатрешна убавина, бидејќи тоа е ментална работа и поврзување со суштината. Ова, меѓутоа, има малку врска со набљудувањето на себеси во огледало.

Извор: Lovesensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: