5 митови за депресијата, во кои не треба да верувате

Мит бр 1. Депресијата е нешто, што само од себе ќе помине.

Депресијата никогаш не е избор- ниту еден поединец не би посакал непријатност која таа ја носи. Во секој од нас постојат реципрочни односи помеѓу хемискиот состав на мозокот, нашето функционирање и опкружувањето.

Неуролошките фактори во голема мера се вон контролата на човекот. Луѓето можат да имаат предиспозиција за депресија само поради состојбата во својот мозок на кој влијаат и многу фактори на опкружување. Депресијата нема сама од себе да исчезне, туку може да предизвика уште потешки и покомпликувани состојби.

Игнорирањето на депресија е многу опасно. Затоа е важно уште при првите знаци на зачестеното депресивно расположение да се консултирате со стручни лица.

Мит бр. 2 Депресијата можам сам да ја излечам.

Кога имате лош ден или сте нерасположени, во ред е да прочитате позитивни мисли, да направите нешто што го зајакнува оптимизмот. Можете да прочитате и литература како да се изборите со стресот и да привлечете радост.

Сепак, клиничката депресија е нешто потполно поинакво и сериозно од лошото расположение. Личноста која се бори со депресијата, страда од недостаток на енергија и значајна безволност, повлечена е во себе, затворена, ја смалува комуникацијата на минимум и нема волја да ги обработи дури и најосновните животни работи. На депресивните луѓе им недостасува животна сила, а тоа не може да се лечи ‘на своја рака’.

Мит бр. 3 Мора да постои причина за депресија.

Депресијата е подмолна и уверлива, таа ни порачува – ‘Немаш право да бидеш депресивен. Погледни се’ што имаш. Треба да бидеш благодарен.’

Клиничката депресија не бара било какви оправдувања. Исти вакви совети и добронамерни, но и погрешни зборови на утеха, можат да дадат членови на семејството или пријателите кои не се доволно информирани за депресијата. Вака само се зголемува чувството на вина и се влошува депресивната состојба.

Депресијата ја уништува енергијата која ни помага да се носиме со одредени животни предизвици. Таа ја искривува перцепцијата на личноста за нас и светот кој ја опкружува и тогаш се јавува чувство на вина, како еден од клучните симптоми на депресија. Често личноста во депресија, не е во состојба ситуацијата да ја види реално и на неа адекватно да одговори- тоа е доказ дека депресијата може да исчезне без реална причина.

Мит бр. 4 Ако функционираш, не можеш да бидеш во депресија.

Депресијата е скриена болка, па многу луѓе продолжуваат да работат и живеат со неа. Тие ја потиснуваат депресивната состојба, што е многу ризично и на нив можеби никогаш нема да забележите симптоми на депресија.

Секој различно реагира на депресија, но ако ги забележите првите симптоми, не плашете се да побарате стручна помош.

Мит бр. 5 Ако си доволно јак не можеш да бидеш депресивен.

Клиничката депресија нема никаква врска со силата и слабоста. Всушност, депресивните луѓе кои ќе побараат помош многу се храбри и јаки, бидејќи се одлучиле на вистински потез. Исто така, наместо дијагнозата на депресија да ја гледаме како доживотна казна, зошто да не ја користиме како предизвик, прилика за учење и шанса за помош на другите?

Не дозволувајте депресијата да биде ‘табу’ тема. Разговарајте со драги луѓе за тоа, редовно на другите кажете им како се чувствувате и никогаш не ги затворајте очите и не ја игнорирајте депресијата.

Извор: Lovesensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: