Ако те сака, ќе те сака со цело свое срце

Жена кога сака, го дава цело свое срце и душа. Таа без страв ќе даде се’ од себе, ќе биде со тебе вистинска, ништо нема да крие од тебе. Кога те сака, секогаш ќе бидеш на прво место, без оглед што себеси понекогаш ќе мора да се стави на второ.
Жената ја штити својата љубов така силно, како никој друг. Нејзините жртвувања, за кои е подготвена се само за да разбереш колку те сака, едноставно, но посебно.

Таква жена ќе стане твоја сила. Таа ќе биде за тебе подршка, кога ќе паѓаш. Таа ќе биде твоето сигурно раме, твојот рај. Ќе ги осветли твоите најдобри страни, а кога се сомневаш во себе, ќе биде причина повторно да застанеш на нозе. Ќе ти овозможи да најдеш засолниште во нејзината душа. Она што не можеш да го најдеш во себе и во другите.

Нејзината љубов ќе те штити од целиот свет. Во нејзината прегратка ќе го најдеш душевниот мир кој го бараш, а кога ќе ја допреш, ќе почувствуваш дека е се’ во ред, додека таа е покрај тебе.
Но, ако се излажеш и не го прифатиш со љубов се’ она што ти е дадено, таа ќе ти го одземе тоа, со иста страст со која ти го даде.

Затоа што е доволно силна да ти го даде своето срце, но доволно силна и да си го врати и да те остави. Не дозволувај да бидеш лакомислен со неа. Кога ќе сфати дека е се’ готово со тебе, таа може само да си оди и никогаш да не се врати. Пред да го сфатиш тоа. А потоа никакви постапки и зборови нема да ја вратат.

Ако ја изневериш нејзината доверба, ќе сфати дека залудно ти веруваше, мислејќи дека си вреден за нејзината љубов. Таа ќе ти го сврти грбот и можеби никогаш нема да ја видиш. Нема да се плаши да оди од тебе, токму како што не се плашеше ниту да те сака.

Нејзината љубов не е нешто несериозно. Единствена е, тоа е реткост. Таа нема да може да издржи такво предавство и повторно да те сака со иста сила, како ништо да не се случило. Таа верува во својата љубов. Верува дека може да го направи својот човек среќен.
И затоа нема да троши повеќе време на тебе кога ќе и’ покажеш дека е лесно заменлива. Како без неа ти е добро. Ќе бидеш шокиран од храброста и одлучноста, со која во потполност ќе те тргне од својот живот.

Ќе одлучи да биде сама, отколку да ја отвора својата душа, гледајќи како ти не ја отвораш ниту за половина. Тоа не и’ е доволно. Жената нема повеќе да се бори за тебе, ако сфати дека тоа е безизлезна ситуација и дека е време да си оди.


Извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2018/09/kogda-zhenshhina-ustala-borotsya-ona-ne-potratit-na-tebya-bolshe-ni-sekundyi

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: