Избриши ги солзите..Еден ден, се’ ќе има смисла

Дали имаш храброст да бидеш она што си или ќе ја наведнеш главата и ќе се прилагодиш на она, што умот од тебе бара? Дали имаш храброст да се тргнеш од својот просек и да го земеш она што е најдобро од животот?

Тргни ги бариерите во себе кои си ги постави со своето размислување, наметнати од другите луѓe. Научи животот да го гледаш како магија и ќе видиш што ќе ти даде она внатрешно чувство.

Дали имаш храброст да си кажеш себеси, дека вредиш повеќе отколку што мислиш, дека не треба да живееш живот што му припаѓа на другите? Дали имаш храброст да најдеш причина за среќа или без престан ќе се жалиш, дека среќата не може да се достигне?

Не плаши се да бидеш на своето место во светот и да си дозволиш себеси да бидеш главен лик во претставата на својот живот. Сами стоиме на патот на нашиот успех и неуспех, сами сме во превирањето, колку љубов треба да се даде, како да се однесуваме со раните кои ги имаме, по колку безуспешни обиди да се откажеме.

Дали имаш храброст да го сочуваш мирот во себе, кој го имаше како дете, мирот кој ти ја одзема желбата за споредување, натпревар и докажување? Eднаш кога ќе влезеш во лудата трка, тешко е да се вратиш на вистинскиот пат и повторно да уживаш во животот, онака како што тоа најмногу те исполнуваше.

Не можеш себе да си наредиш што ќе чувствуваш, но можеш малку да ги средиш своите мисли и да не допуштиш на оние негативните да загосподарат со твојот ум. Дозволи и на интуицијата да те води низ животот и ќе видиш, како она најдоброто што го носиш во себе, ќе направи координати во кои ќе се одвива твојот живот.

Никогаш нема да ја победиш болката и да им одолееш на сенките на минатото, но тоа не е причина да престанеш да веруваш дека твојот живот и покрај се’, може даа биде добар.

Работи на своите соништа, за тоа нема никогаш да зажалиш, работи на тоа да бидеш единствен, тоа ќе ти ја донесе најдобрата верзија на твојот живот.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: