Круната на главата и храбро во денот!

Сигурно ти е добро познато, како се живее со половина од својата сила, со половина срце, со климав идеал. А уморно се чувствуваш, кога треба да се живее својот живот во целост, со полно срце?

Која е цената што треба да ја платиш, за да се дадеш целосно себеси. Цена ако на некој му се насмевнеш, му кажеш убав збор, гушкаш или подаруваш бакнеж?

Нема никаква пречка да бидеш силен, истраен човек, само треба да се одлучиш. Нека не те загрижуваат луѓето, што го кренале носот до небеса…Животот ќе им го намести таму каде што треба, дури и ќе им каже каде припаѓаат.

Ти секогаш имаш избор, да одбиеш да живееш живот кој им припаѓа на другите и да си дозволиш себеси, овој денешен ден, да биде важен за тебе.

Немој, еден ден, на некое зајдисонце да си признаеш дека не знаеше што се’ можеше, како појма немаше, дека соништата можат да се остварат. Животот ќе го наплати секој страв и затоа веднаш пресметај се со таа небулоза во себе.

Пушти си денес музиче, кое го носиш во своето срце, почни да танцуваш и раздвижи ја твојата енергија, овозможи си да почувствуваш, колку животот може да биде убав.

Секогаш имаш избор да не бидеш половичен човек. Луѓето со почитување да зборуваат за тебе, со восхит и респект да кажат колку си единствен. Искористи ја таа прилика, покажи дека еден мал чекор денес, ќе остави голем траг за понатаму.

Биди човек, кој ќе ја пронајде причината за среќа, човек кој ги чува во срцето убавите работи, а го заборава она лошото што се случило, знаејќи дека за иднината треба да направи се’ најдобро- Денес!

Не е важно да се трудиш да бидеш совршен, важно е секој ден да бидеш свој. Биди за себе ремек- дело и ќе видиш колку луѓето ќе ти с восхитуваат. Остави во животот време, да те води интуицијата и ќе откриеш нови места на земјата и своето битисување на неа. Дај му шанса на денешниот ден, да биде единствен и величенствен.

Малку добра волја, малку трпение и големи работи се пред тебе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: