Секој кој знае да сака, осуден е да биде среќен

Љубовта, тоа е слобода, но, не таа слобода која не признава обврски. Љубовта е обврска, која ја почитуваш ти сам и слободата на избор, која му ја даваш на друг човек.

Мислам дека е важно, нашата љубов да не стане гушење за блиските луѓе. Треба да се почитуваат обврските кон блискиот човек, но да му се дозволи слободно да дише.

Да се сака, значи да се биде покрај некој, кога е потребно и малку да се повлечеш, кога просторот е премал за двајца. Еднаш разговарав со постар мудар човек и ми се допадна неговата мисла: ‘Ако мојата жена, ми каже дека е уморна и сака да биде во викендицата, во мир и тишина, мојата работа е тивко да ја однесам таму и да ја оставам да се опушти и одмори.

Љубов тоа е одговорност, која доброволно ја превземаме на себе. -‘Јас на никој ништо не сум му должен’, не е љубов. Другите не ти се должни. Апсолутно ништо. А ти си должен. Треба да водиш сметка, да бидеш верен, да му служиш на човекот.

Се работи за љубов која тргнува од слобода. Љубовта е сигурност. Да се сака, значи покрај себе да имаш човек кој може да биде таков каков што е. Дозволено му е да биде слаб, дозволено му е да се сомнева, дозволено е да не биде убав, дозволено му е да боледува, дозволено му е да прави грешки. Хистерија, расправија, спорови, недостаток на храброст и одлучност- не е причина, да се престане да се сака човек.

Нема да престанеш да сакаш некој, кога љубовта ја делиш со цело срце, а не бараш ништо за возврат. Љубов е да се сака човек повеќе од она што ќе го направи. Да се биде покрај него и во неволја и радост, секогаш да се биде достапен, секогаш на линија.

Да се биде оној, за кого се знае дека никогаш нема да го изневери. И не се работи за ветувања, туку тоа е нешто друго, нешто длабоко и вистинско. За тоа не треба да се зборува, треба да се живее, за оној кој е блиску, да се чувствува сигурно. Таков живот постои, само кога има вистинска љубов. Љубов тоа е зрелост и освестување.

Љубов тоа е разбирање дека блиските односи се невозмжни без кризи, дека на чувствата им треба време да созреат, дека љубовта не може да биде континуирано славење, љубовта е длабока работа на себе, пред се.

Љубов е низа од смрт и нови раѓања, љубов е разоткривање на најранливите точки, љубов е храброст да се биде онаков каков што си, љубов е храброст да се излезе на непозната територија.

Да сакаш или не, секогаш е наш личен избор, тој не треба да се наметнува на другиот човек. Убавината на вистинската љубов е во тоа, од срце да се биде благодарен, затоа што другиот се согласи да ја прифати. Секој кој знае да сака, осуден е да биде среќен.

Не е суштината во тоа барем еднаш да сакаш, туку во тоа дали си во состојба да станеш длабок и зрел, за да живееш со разбудено срце. Љубовта е светлост, љубов е сјај на срцето, љубовта е најдоброто што можеме да им го подариме на луѓето околу нас.

Автор: Дијана Ричардсон

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: