Треба да се биде внимателен со туѓите чувства

Човекот може да предизвика страдање и без насилство. И без материјални лишувања. Може да се предизвика јака болка и тага со љубезни однесувања. Со искажување на љубов. Со зборови на восхит и разбирање.

Кога искажуваме љубов, во организмот на другата личност ќе почне да се произведуваат хормони на задоволство. Ќе биде добро. Така хемијата работи. И при комуникација со таа важна личност, овие хормони почнуваат да се ослободуваат во крвта. Почнуваат да се јавуваат пријатни чувства. Љубов, пријателство, доверба, окситоцин, допамин и многу други работи…

Кога ќе се прекинат односите, туку така или нагло престануваат топлите разговори, нежните погледи, допири, не се јавуваат на телефон, ја игнорираат пораката, кај отфрлениот човек почнува ‘синдромот на повлекување’ – хормоните престануваат да се лачат. Почнува ‘хаос’, со други зборови. Тој ќе биде депресивен, расплакан, загрижен. Тој ќе почне да копа по сеќавањата и ќе ја бара причината за заладување во своето однесување.

Тој ќе бара простување- за ништо. И ќе се понижува. Ќе се лути. И ќе бара или ќе плаче. Ќе биде подготвен да направи се’, за да ги обнови односите и да добие нова порција ‘хемија’. Ете, како тоа работи.

И не е виновен оној кој е отфрлен: ‘Јас не те молам, тоа мојата болест те моли’- така зборуваше еден тежок алкохоличар во приказната на Чехов. И навистина така е; бидејќи сите големи зависности се исти во суштина.

Тоа е болна состојба која може да ја разбере само оној кој бил во таква позиција. Или знае како тоа се прави. И да прекорува, да повикува на гордост и дека треба да се прекине, бидејќи е бескорисно, додека човекот не се сложи со тоа.

Но, многу, многу му е лошо. И маченикот може повторно да даде знак и да ја даде ‘дозата’. А потоа повторно си оди. Така стекнува моќ- понекогаш намерно.

Треба да се биде внимателен со туѓите чувства. Со емоциите. Со хемијата. Хемијата е опасна работа и малку зависи од нас. Понекогаш се потребни години да се обнови балансот и повторно да се почувствува радоста на животот.

Автор: Ана Кирјанова

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: