Болката во одреден орган ви пренесува порака- Што не сакате да видите или слушнете?

Болката од било која врста, зборува за чувство на вина. Вината секогаш бара казнување, а тоа пак е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина, толку длабоко всадена, што човекот воопшто не е свесен.

Идејата или теоријата дека секој сам себеси си ‘создава’ болест повеќе не се смета за екстремна алтернатива. Како размислуваш, колку се плашиш, колку веруваш или не веруваш, колку си подготвен за бораба или откажување, што сакаш да заборавиш и од што сакаш да се заштитиш- сето тоа некаде се ‘запишува’ во умот и телото.

Ваквото објаснување на болестите и пореметувањата можат да ви помогнат за подобро да го разберете своето тело, своите мисли и нивната поврзаност. Секако дека секој човек е единка за себе и не може се’ да се генерализира, но ова е вистински интересен став..

Главоболки- се појавуваат кога се казнувате себеси. Мигрени имаат оние луѓе кои сакаат да бидат совршени и сами си го создаваат притисок под кои живеат. Има и многу потиснат бес.

Синуси- ако ви прават проблем, можеби во животот ве иритира некој многу близок. Можеби ќе имате чувство дека некој е против вас.

Очи- проблемите со очите укажуваат дека постои нешто што за себе, своето минато или иднина, не сакате да го видите. Отпорот и желбата да ‘не гледате’ тоа што се случува, предизвикува проблеми со сетилото за вид.

Слух- таквите проблеми зборуваат дека постои нешто што не сакате да слушнете. Болката во увото вели, дека во вас е бес поради нешто што сте слушнале.

Коса- косата е сила. Кога сте напнати и уплашени, создавате ‘челични окови’ кои почнуваат во мускулите на рамената и се шират кон врвот на главата, а понекогаш и на подрачјето околу очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост која подолго трае, косата не може да дише, затоа умира и паѓа.

Врат и грло- вратот преставува ваша способност да бидете флексибилни во размислувањето, согледувањето и на другата страна- значи да ги видите гледиштата и на другите луѓе. Кога имате проблем со вратот, значи дека сте биле тврдоглави во проценката на својата ситуација, уверени дека вашето гледиште е единствено исправно.

Грлото претставува способност да кажете што мислите, да барате што сакате. Кога грлото ве боли, тоа најчесто значи дека мислите како немате право на таков став. Не се заземате за себе и го потиснувате бесот. Ларингитис значи дека сте толку лути, што не можете ниту да зборувате. Исто така, ако се обидувате да се промените или веќе нешто менувате, ќе забележите промена во грлото.

Раце- преставуваат способност да се опфатат животните искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактовите преставуваат флексибилност во менување на правецот во животот.

Секој прст има свое значење. Ако го повредите кажипрстот, во вас е бес и страв поврзани со егото во моменталната ситуација. Палецот преставува грижа, средниот прст секс и бес, до средниот прст заедништво и тага, а малиот прст има врска со семејството и претерувањето.

Грб – ако имате проблем со грбот, значи чувствувате дека околината не ве подржува доволно. Горниот дел од грбот има врска со чувството на недостаток на емоционална подршка. Средниот дел е поврзан со чувството на вина- се плашите да погледнете што е позади вас. Страв дека нема да имате пари и дека ќе живеете во беспарица се изразени со болки во долниот дел од грбот.

Бели дробови- преставуваат способност на давање и земање во животот. Ако имате проблеми си градите, можно е да се плашите да земете тоа што ви треба или можеби чувствувате дека немате право да го живеете животот како што сакате.

Гради- се мајчински принцип. Ако имате проблем со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчински, заштитнички или посесивен став кон некоја личност, место, работа или пак искуство.

Срце- претставува љубов, а крвта е радост. Срцето пумпа радост низ телото. Кога во животот себеси си скратувате радост и Љубов, вашето срце ќе се собере, фаќа ‘рѓа и станува ‘ладно’. Резултатот е спор проток на крв и отворен е патот кон анемија, ангина пекторис или инфаркт. Луѓето кои преживеале срцев удар често никогаш вистински не се радувале во животот.

Желудец- ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Ве боли желудецот- што или кој не можете да го сварите? Или новите искуства не можете да ги сварите? Исплашени сте?

Нозе- ве носат низ животот. Проблемите со нозете, често укажуваат дека постои страв од движење, да се оди напред или двоумење да се тргне во одреден правец. Кога нешто не сакате да правите, ќе почувствувате проблеми во нозете.

Колена- се флексибилност. Како и грбот. Изразуваат способност за прилагодување, гордост, его, тврдоглавост. Кога ќе ве заболат колената, запрашајте се каде сте така тврди, непопустливи и одбивате да се прилагодите.

Кожа- ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата, чувствувате дека на некој начин сте загрозени, дека другите со вас владеат.

Вишок килограми- преставува потреба за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, омаловажени, критизирани, измамени. Имаат страв од живот.

Болка- било која врста зборува за вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничата болка е хронично чувство на вина толку длабоко всаден, што човекот не е ниту свесен.

Извор: aura.ba

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: