Не можеш со него, но не можеш ниту без него

Многу се пишува за зависниците од љубов, но за односите топло- ладно, ретко се зборува иако и тие спаѓаат во таа група. Љубовната зависност е нездрава врзаност (свесна или потсвесна) за некоја личност, врска или романса. Што треба да се прави?

Ако сте во врска топло- ладно за почеток треба да се смирите. Да се воздржите од поривот да играте игри. Не треба да носите брзи одлуки, бидејќи подоцна ќе и’ ги препишете на својата фрустрација.

Не станувајте хистерични, не навредувајте, не праќајте пораки или било што кога сте нерасположени и не помислувајте дека таа личност ќе ја надмудрите, започнувајќи игри во кои ќе се однесувате топло- ладно, бидејќи во случај да прекинете, повторно ќе се обвинувате, верувајќи дека не сте дале се’ од себе, не сте биле свои во таа врска.

Ако на пример, ако вашиот партнер не ве побара кога ветил, не враќајте ‘услуга’ следниот пат, кога вие ќе ветите дека ќе се јавите. Не ја игнорирајте пораката со денови само затоа што тој ја игнорирал вашата, со мисла дека тоа него ќе го јаде одвнатре, како и вас.

Секако, ќе дојдете во искушение на тој начин да го негувате своето его, но таквото однесување на крајот само ќе ве повреди. Веќе знаете како се чувствувате, вие сте почитувана личност, тоа го знаат и вашите пријатели.

Но, што чувствува и мисли другата страна со која сте во врска? Веројатно ќе се обидете да влезете во ‘неговите чевли’, за да можете да разберете зошто така се однесува и што мисли. Меѓутоа, тоа навистина не е можно. Ќе најдете стотина можни причини и оправдувања, но никогаш нема да ја дознаете вистинската. Ставот дека точно знаете што се случува во неговата глава е залажување и само ја продолжувате агонијата. Можеби е преоптеретен со работа, минува низ сопствена криза, има семејни проблеми или неколку неуспешни врски позади себе, но и сето тоа да е во комбинација, вистината и понатаму не го оправдува неговото однесување кон вас.

Не треба да се обидувате да го разберете, туку да се обидете да се разберете себеси. Луѓето бараат некој кој ќе ги направи среќни, кој во животот им носи радост и присутен е во нивниот живот. Меѓутоа, многу зависи од тајмингот и изборот.

Прво и најважно, другата страна треба да биде подготвена за љубов. Ако поради некоја причина, личноста не е подготвена да прифати таков вид на љубов, врската нема да успее. Тоа е сосем ОК. Секој има право и избор, но ако вие барате некој да биде присутен во вашиот живот, а тој некој не е подготвен, таа врска нема да ве исполни. Веројатно поголемиот број, нема отворено да ви кажат дека не се подготвени за вистинска љубов, но ако приметувате такви сигнали, со таква личност ве очекува топол- ладен однос.

Ако сакате вистинска љубов и врска, бидете флексибилни. Отворете се кон нови искуства и личности, наместо некого да менувате и надмудрувате. Господинот ‘Погрешен’ никогаш нема да го претворите во Господин ‘Вистински’, можете само да направите живот каков што не сакате и никогаш не сте го посакувале.

Ако вашата цел е долга врска, топло- ладно нема да ви тргне. Некои луѓе велат дека два месеци е доволно за таква врска. Нормално, кога некој ќе го запознаете тој не може да ги чита вашите мисли, затоа се очекува дека нема да се јави кога вие сакате и дека ќе се појават некои проблеми, но ако топол- ладен однос продолжи и повеќе од два месеци, време е за раскинување.

Важно е после раскинувањето да се отворите кон нови искуства и луѓе. Исполнете го животот со интересни работи и активности. Држете го своето расположение добро, уклучете ги чувствата и отворете го срцето. Вистинската личност постои некаде за вас.

Топло- ладни односи лесно можат да се опишат во една реченица: ‘Не можеш со него, но не можеш ниту без него’.

Ако така се чувствувате, тогаш мора да најдете начин да живеете без него.

извор: COVER magazin.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: