Престани да бидеш емоционален сунѓер

Силните негативни емоции имаат своја енергија. Ако некој од нашата околина почне да ги манифестира, од нив можеме нeзабележано да се ‘заразиме’. Секој од нас е емоционален сунѓер.

Постојат луѓе кои можат со часови да поминат во ‘зона на непријатност’, а да не подлегнат на нејзиното влијание. За другите ќе биде слично на самоубиство. Песимизмот е како и секоја друга манифестација на лошо расположение, емоционален паразит. Страв, лутина, огорченост се силни енергии од кои е потребно да се заштитиме.

Лошото расположение и песимизмот се пренесуваат од човек на човек. А како да се заштитиме од нивното влијание? Негативните емоции се поврзани со следниве причини:

– способност да се чувствува туѓата болка како своја.

– прифаќање на ‘општи’ проблеми на себе.

Поради горе наведените причини, способноста на емпатија во комбинација со сопствената немоќ, може да стане извор на сериозни депресивни состојби. Како да не паднеме под влијание на туѓи чувства?

1. Емпатијата во основа е добра способност. Но, мора да се контролира и да не се покажува во кругот на оние луѓе и односи, кои од некоја причина ви се непријатни или едноставно ви се непознати. Многумина можеби ве гњават. Намалете го кругот на комуникација.

2. Пронајдете го она што ве мачи и утврдете чии чувства ги чувствувате- своите или на другите луѓе. Лутината и стравот често не се појавуваат во емпатија, туку совршено се пренесуваат. Погледнете околу себе и обидете се да ја најдете причината за загриженост.

3. Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат. Ако треба да разговарате со непријатна личност, обидете се да се држите на одредена одалеченост. Тоа навистина делува. Не се плашете дека некој ќе навредите.

4. Фокусирајте се на сопственото дишење. Дишењето го поврзува вашиот мозок со вашето битие. Обидете се да се фокусирате на дишењето неколку минути, одвоете го остатокот на светот од себе.

5. Употребете штит. Кога се наоѓате во непријатно опкружување, замислете како се оградувате со заштита, која можете да ја замислите во облик кој е соодветен за вас.

6. Контролирајте го своето емоционално преоптеретување. Обидете се да ги препознаете ‘емоционалните вампири’ и избегнувајте средби со нив кога е тоа можно. Кога сте опкружени со непознати луѓе, обидете се да ги заземете последните места. Обидете се да не зависите од другите луѓе.

7. Барајте позитивни луѓе. Осаменоста не е излез. Обидете се со пријателите со кои делите нешто заедничко, поминувајте време со луѓе кои се позитивни. Тоа влијае на самодовербата и самопочита.

Извор: econet.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: