Не може да постои длабоко разочарување, ако нема длабока љубов

Се’ во животот има свои добри и лоши страни, па така и разочарувањето. Тоа е она чувство на тага кога нашите очекувања нема да се исполнат. Тој може да исчезне после некое време или да остане во нас уште долго, зависно од тоа колку силно и долго нешто посакувавме и очекувавме.

Сепак, за разлика од врежаното мислење, разочарувањето има и неколку позитивни работи: Разочарувањето значи дека сте страствени.

Во животот, се’ има свои последици. Зошто не размислувате за разочарувањето како за исход, односно последица, која ја предизвика вашата љубов кон некој или нешто. На пример: се разочаравте во својот пријател, бидејќи важно ви е вашето пријателство. Можеби сте разочарани од својот партнер или можеби сте разочарани од својот неуспех во кариерата.

Токму како што рекол Мартин Лутер Кинг: ‘ Не може да постои длабоко разочарување, ако нема длабока љубов. Длабоката љубов е она што ве влече кон постигнувањето на вашите цели’.

Разочарувањето е подобра емоционална состојба од апатија. Кога некој е во апатија, не се грижи за ништо. Како да е робот. Но, кога ќе ги освести своите емоции и ќе ги доживее, било да се добри или лоши, тоа е добро. Тоа значи дека е во контакт со своето внатрешно јас.
Секој пат кога сме разочарани, тоа значи дека постои некоја ‘грешка’ во нашата визија за стварноста.

Да погледнеме прво поради што сме разочарани. Затоа што нешто сме очекувале и тоа не се остварило.
Разочарувањето произлегува од нескладот помеѓу стварноста и нашите очекувања. Стварноста е иста цело време, не се менува во моментот кога ја откривме вистината. Светот не е против нас. Причината поради која сме разочарани е што ја откривме вистината- а вистината не е она што мислевме дека е.

Затоа за разочарувањето мислете како на алат за решавање на проблемите кои ќе ви помогнат да ги разберете разликите во вашето гледање на стварноста. Употребете го разочарувањето за подобро да го сфатите светот и да ги исправите своите претпоставки и да станете попаметни и помудри.
Исто така, можете да ги корегирате своите дела за полесно да ги постигнете своите цели.
Иако звучи како клише, разочарувањето навистина не’ зајакнува. Кога ќе доживееме непријатни емоции, ќе зајакнеме. Ќе научиме да се носиме со своите чувства. Стануваме отпорни на животните проблеми.

Извор:www.personalexcellence.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: