Како јас да ти дадам Љубов, ако ја немам прво кон себе

Промената е постојана во животот. И нема напредок без промена. Таа носи одговорност. А одговорноста е цена на слободата. И тогаш си силен. Ако се сакаме себеси можеме да ги сакаме и другите, местото каде живееме, во кое опкружување сме и со кого.

Ако се засакаме себеси, тогаш и градот во кој живееме има смисол да се сака, бидејќи е наш. Тогаш и луѓето кои ни одат по нерви ги разбираме, бидејќи секој поминува низ ‘нешто’ свое. Тогаш и на семејството сме им благодарни што ни дала живот.

Велат сакајте го ова или она. Ширете љубов и тие приказни. Да, но што е со љубовта кон себе. Како јас да ви дадам љубов, ако јас ја немам кон себе. Како можете да ја прифатите туѓата несовршеност, ако не сте ја прифатиле својата.

Љубовта прави место за разбирање. Му дава право на секој за свое мислење и постоење. Тебе и мене. Не мора да се сложуваме воопшто. Но, каде што постои љубов, работа, суштество, животно, ситуација, растение, човек, млад, зрел, стар, има право на изразување и на постоење.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: