Кармички долгови- како ги создаваме и отплаќаме?

Времето не можеме да го вратиме, единствен момент кој го имаме е овој сега. Овој момент ја отплаќаме својата карма и свесно одлучуваме на кој начин ќе ја отплатиме и како понатаму ќе ја полниме својата кармичка сметка.

Ние сами ја создадовме таа сметка и ние единствено можеме и да ја подмириме. Што е мината карма и како таа делува на нас? Имаме 3 можности:

1. Да ги отплатиме своите кармички долгови несвесно со многу прашања. Законот на кармата вели, дека секој долг порано или подоцна ќе се наплати, бидејќи во Свемирот постои совршено книговотство.

2. Можете да ја преобликувате својата отплата на кармичкиот долг во пријатни доживувања. Ако се прашате што можете да научите од тоа што ви се случува и на кој начин можете да го употребите тоа искуство за добро на другите луѓе.

Со простување- на секој кој ви предизвикува болка или страдање, давање на подршка на личност која ви предизвикува страдање или неправда. Да се направи добро дело на другите луѓе, да се гледа позитивно. Набљудување на себеси. Духовна служба. Верба во Бог.

3. Можете да станете независни од неа. Тоа значи да го одржувате чувството на духот, а тоа се постигнува со редовна медитација. Кармичката сметка може да биде позитивна (лагоден живот) негативна (непријатен живот), неутрален (возвишени човечки суштества)

Кармичката сметка ја создадовме со:

1. Умор- негативната кармичка сметка значи дека ‘негувавме’ негативни мисли за себе и другите (не можеме за другите да мислиме добро, ако за себе тоа не го мислиме) а негативните мисли ја трошат нашата енергија.

2. Тело – негативната кармичка сметка ја создаваме ако ги занемариме потребите на телото или го форсираме, поради што се разболуваме. Затоа треба да внимаваме каква храна внесуваме во телото, како рекреирме, колку спиеме, дали ги слушаме сигналите на своето тело, дали сме зависници од некои навики и јадење?

3. Луѓето и односите- односите можат да бидат причина за најубавите моменти во животот, но и на ропство и длабоко страдање. Не е случајно во какво семејство се раѓа дете. Дисфункционални семејства и било какво страдање во односите, зборува за тоа со што во минатото ја наполнивме својата кармичка сметка.

4. Пари и материјална сопственост- негативна материјална карма се создава, ако парите се смисла на животот и ако ги бараме од другите, затоа што немаме чувство дека сами можеме да ги заработиме. Запрашајте се каква ви е моменталната материјална карма и од овој момент, почнете да ја менувате преку менување на својот однос кон парите и материјалното.

5. Со времето- ако никогаш немаме доволно време, се чувствуваме во хаос, значи дека на својата кармичка сметка ставивме чувство на непочитување на себе и другите.

Извор: osobnisvemir.wordpress.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: