Зарем поради неколку луѓе ќе се откажеш од се’ во што веруваш и на што се надеваш?

Дали се сеќаваш на тие луѓе, тогаш кога ќе одлучиш да побегнеш од се’ , бидејќи ти е доста од евтина глума и имаш чувство дека твојот свет се распаѓа?

Кога ќе се нагледаш наместени улоги, вештачки насмевки и кога ќе се наслушаш долги самопофалби, од кои ти се гади и посакуваш да се скриеш во некоја дупка, далеку од светот на лаги. Дали тогаш ќе се сетиш на оние, на кои им си важен и кои се’ ќе дадат само да си добро и да бидеш оној стариот како некогаш.

Кога ќе пропаднат сите твои соништа и кога ќе се прашаш дали има смисла уште да се живее, сети се на оние, кои за рака напред те воделе и кои ти зборувале дека вредиш. Тие ја знаат твојата вистинска вредност, а не оние кои те потцениле, понижиле, искористиле и напуштиле.

Стравот ќе те увери во се’, сомнежот ќе те увери во се’, но на крајот ќе сфатиш дека со должен да им се спротиставиш, бидејќи подршката на оние кои те сакаат е многу поголема од сите навреди на непријателот.

Не барај тогаш оправдувања за поразите, немој тогаш во своите мисли, да ја преувеличуваш тежината на животот, сметајќи дека те снајде сето зло на светот, туку длабоко вдиши, стегни заби и тргни напред. Сакај се себеси онака како што те сакаат оние луѓе, кои животот ги постави на твојот пат и кои ти ја докажаа вредноста во тешките ситуации.

Твоите соништа се пат за преживување, верувај им и стави се’ на таа карта, па ќе видиш како работите ќе почнат да се менуваат. Луѓето кои те сакаат- те сакаат во сите твои изданија, добри и лоши и кога си на победничкиот трон и кога си во кал.

Зарем поради неколку луѓе ќе се откажеш од се’ во што веруваш и на што се надеваш? Немој тоа да им го дозволиш! Почувствувај ја Љубовта на оние на кои си им важен, а потоа тргни понатаму. Почувствувај нежност и благост на оние, чии зборови не се гласни, но присутноста е длабока. Сети се на оние на кои си им потребен, а потоа тргни понатаму во нови животни победи, за нив и за себе.

Марио Жувела

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading