Човекот е мал универзум, кој може да произведува своја сопствена енергија?

Нашиот Универзум е огромен резервоар на енергија. Современата квантна теорија тврди дека се’ се состои од енергија, како основна големина, која ја одредува состојбата на системот во било кои размери, до бесконечност.

Универзумот кој ние го познаваме и чиј сме дел, исто така се потчинува на законите на енергијата. Телото на човекот и се’ што постои содржи енергија. Човекот е мал универзум, кој може да произведува своја сопствена енергија и да ја прима од големиот Универзум.

Што е енергетика на човекот? Тоа е негова животна сила, која се состои од две енергетски компоненти: надворешни и внатрешни- телесни и духовни. Телесните во голема мерка зависат од опкружувањето, од животната средина, од храната и водата која ја конзумираме, од работите кои ги правиме. Духовната зависи од нашата внатрешна состојба- емоционална стабилност и позитивни и негативни мисли и намери.

Телесната енергија, ја акумулира внатрешната духовна енергија и ја насочува однадвор. Нашето тело е проводник на нашиот Дух. Не се вели случајно дека хармонијата почнува одвнатре.

Чисти, искрени и позитивни мисли и намери, се основа на нашето здравје. Чисти дејства, засновани на хармонично внатрешно Јас, се хармонија на животот! Многу луѓе чувствуваат знаци на силна енергија. Секој човек кој ќе се најде во близина на таква личност, може да ја почувствува. Таа се искажува во цртите на карактерот и однесувањето на таквите луѓе, кои поседуваат харизма, посветеност, самодоверба, висока духовност и уште многу други работи, што зборува за висок енергетски потенцијал.

Енергетскиот потенцијал кој го поседува човекот е негова способност да произведува своја енергија, да акумулира и да ја апсорбира однадвор и рационално да ја користи. Користејќи ја енергијата за добробит, на човекот му се враќа двојно и со тоа собира сила.

Оние луѓе кои имаат негативни емоции, прават негативни дејства, ја губат силата, а со тоа и здравјето. Давајќи и правејќи искрени и добри дела, исто така примаме добро. Примаме внатре. Тоа значи дека нашето здравје ќе биде добро, а живитот радосен и среќен.

Хармоничен човек е среќен човек и на луѓето им е секогаш пријатно кога ќе се најдат покрај него. Самоуверен, среќен човек, зрачи посебна силна енергија и ја исполнува просторијата со позитива. Силната енергија на човекот- е акумулатор за опкружувањето.

Се’ цвета покрај човек со силна позитивна енергија. Само со влијанието на своето биополе, таквиот човек е во состојба, позитивно да влијае на другите. Исто така, човек со негативна енергетика предизвикува потполно спротивна состојба. На луѓето кои ќе се најдат блиски до него им е непријатно, чувствуваат нервоза, угнетување, оние со послаба енергија, можат да почувствуваат малаксалост. Главниот знак на луѓето со силна, позитивна енергија е нивното тежнеење да живеат во согласност со околината и луѓето од опкружувањето. Тоа се чисти и искрени луѓе со силна срж одвнатре.

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: