Добро сум. И имам право на тоа!

Кога нешто ќе се сруши, кога некој ќе си оди, знајте, не сте срушени вие, ниту пак сте заминале. Вие останувате да стоите, колку и да ви се слаби нозете, умот поколебан, а телото слабо. Вие сте тие кои ги држите вашите темели. Вие сте темел!
Во својата книга ‘12 правила за живот’, клиничкиот психолог Jordan B. Peterson одговара на најтешките животни прашања, растргани помеѓу хаосот и редот.
Книгата, всушност, ќе ве натера на размислување за хаосот и редот во сопствениот живот. Животот општо!

Секогаш плачеме за она што повеќе го нема, обидувајќи се да ги издолжиме своите раце, за да го задржиме она што си оди. Како некој хирушки да го отстранил, тоа што си оди. Дури и ако не било добро за нас, ние посегнуваме по него, мислејќи дека тоа е нешто што не’ одржува во живот.

Но, тоа не е решение. Иако го молите Бог, да ви го врати ‘стариот’ живот, кој некогаш беше на ‘силни’ нозе.
Не! Срушеното, може да ве потсети на вашиот болен, трул, нестабилен дел кои не води никаде, но ете, се одржувал, поради околината, роднините, пријателите, престижот. Се одржувал привид.

Додека наивно мислевме дека се’ било на свое место, всушност не си дадовме себеси простор, ниту прилика да се развиваме и обновиме. Зачаурени, без доволно сила да се пробиеме, да го срушиме својот привиден ред, донесувајќи го својот живот во хаос, за да полетаме во слобода.

На секој и на се’ му треба обнова. Тажно е да се мисли поинаку. Редот на кој сме навикнати, во кој многу фино сме се залежале, не трае засекогаш и не е вечно со ист интензитет. Работите, ситуациите, човечките тела, па со тоа и човечкото поимање на светот, се менува. Се залажуваме, дека ставовите во врска со се’ ќе останат непроменети.

Убавината на живеењето е во создавање на нов себе, не заборавајќи на темелите, кои многу одамна ни се дадени, водени од голема Љубов.
Се водиме со надеж. Ако некој си заминал, се одалечил од нашиот живот или на крајот умрел, го пуштаме. Нормално дека е потребно време за жалење, плачење по срушеното. Време кое секој го зема за себе и не е временски ограничено. Ако ‘набрзина’ се обновувате, создавате контра ефект.

Секој човек себеси се гради, со оној ритам и брзина која за него е најприкладна. Затоа, пополека не наносувајте болка на болка. Бидете покрај оној кој ве обновува или едноставно не пуштајте глас. На ранливите луѓе потребни му се оние, кои по раните нема да копаат за да создадат нови, туку на грижлив начин ќе помогнат во регенерирање, на оној кој повторно се обидува да го разбере срушеното, дека е помалку болно од она што остана.

Драги мои, кога нешто ќе се сруши, кога некој ќе си оди, знајте, не се срушивте вие, ниту сте заминале вие. Вие сте оние кои останувте да стоите. Плачи над изгубеното, пушти солзи, потоа избриши ги и весели се со изградба на ново. Нов себе!

Ќе дојде време кога срушеното ќе исчезне, под новоизградениот дел од животот. Остатоците од некои минати животи, ќе послужат само како пример, дека нема смисла да се враќаш на јалово тло.
Личното минато нека биде учител на животот, за да можеме квалитетно да ја живееме сегашноста, остварувајќи наследство, пример на Љубов, за оние кои допрва доаѓаат.


извор: https://tajanacosic2205.wixsite.com

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: