Како да се победи срамежливоста?

Од срамежливоста не треба да се срамите. Толку книги, прирачници и учебници се напишани за срамежливоста, а сепак тешко им е на некои луѓе да се соочат со неа, а секојдневно имаат проблем со нови ситуации во кои не се снаоѓаат, со нови луѓе пред кои губат самодоверба.

Подготвеноста за ризик, за промени, за соочување со стравовите, превземање на иницијативи, се’ тоа се чини недостижно и невозможно, но можно е, ако ја победите срамежливоста и еднаш за секогаш ако ја запомнете максимата: ‘Не постои ништо што не можам да направам’.

Срамежливите луѓе предвреме се плашат од неуспех. Но и неуспехот е составен дел од животот, треба да се прифати, дека само од пораз можеш да ја научиш лекцијата и да одиш понатаму. Превземањето на ризик ја зголемува самодовербата, а промените придонесуваат кон личен развој.

Тоа е најдобар лек за срамежливост, да се соочиш со стравот, да го прифатиш предизвикот на новото опкружување и се’ што тоа носи со себе, бидејќи ќе биде шаблон за однесување во идните слични ситуации.

Треба да се ослободиме од стравот, дека ќе испаднеме помалку вредни, паметни или убави во кругот на непознати луѓе, а посебно ако се работи за личности кои ги сметаме или доживуваме како авторитети. Може да биде само моментално чувство, состојба, ситуација во која секој може да се најде и од свои причини да се чувствува непријатно, под стрес и притисок. Но, ако постојано се чувствуваме непријатно, кога ќе се соочиме со непозната ситуација или кога очекуваме дека некој ќе го проценува нашето однесување, тогаш тоа може да биде сериозна препрека за секојдневна комуникација, начин на работа, начин на живот.

Срамежливоста е психолошка карактеристика, со обележја како што е воздржаност во искажување на мислење пред другите луѓе, закоченост во меѓучовечките проценки. Срамежливите луѓе имаат тешкотии во социјалните контакти, па затоа потешко се вклучуваат во групни активности и тешко прифаќаат пријателства. Срамежливоста ја пратат негативните емоционални состојби како збунетост, потиштеност, осаменост, нелагода, а во екстремни случаеви се гледаат и во депресијата и анксиозноста. Срамежливоста ја пратат и напнатост во организмот, како што се забрзано чукање на срцето, сува уста, потење, црвенило на лицето.

Срамежливите луѓе се препознаваат и низ непријатна насмевка, потешкотии во говорот, се откриваат по движењето кое се карактеризира со нервоза (допирање на коса, лице, лупкање со прстите).

Понекогаш сме премногу окупирани со себе и имаме впечаток дека сме на мета на проценка на другите. Но, не е така, бидејќи луѓето околу нас имаат и друга работа, освен да се занимаваат со нашето однесување, изглед, да не’ проценуваат и споредуваат.

Тоа значи и ние треба да се фокусираме на другите луѓе, а не на себе. Мораме да веруваме во сопствените квалитети и доблести. Ако поголемиот дел од времето се насочуваме на своите недостатоци, ќе имаме лажен впечаток дека и другите тоа го гледаат.

Треба да се прифати и непријатната ситуација, бидејќи ако од нив секој пат бегаме, тоа ја зајакнува срамежливоста и создава кај нас чувство дека со таа ситуација не можеме да се носиме.

Како ќе знаеме ако не се обидеме? Превисоките очекувања, исто така не се посакувани додека се бориме со срамежливоста, да тргнеме од мали работи, па постепено да станеме подготвени и за големи.

извор: uspesnazena

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: