Како се менува животот, кога ќе почнете да се почитувате?

Ако не сакаш да влегуваш во туѓи животи, да не се замараш со она што- кој работи, што мисли и зборува, значи дека си среќен, едноставно и без многу филозофија, си го живееш својот живот.

Среќен си, ако престанеш да се жалиш на мали работи, проблемчиња кои некогаш ги преценуваме и да бидеш свесен, дека сето тоа можеше да биде многу полошо. Непроценливо е, колку- толку да се решиш од лошите навики, но уште повеќе, да се решиш од сите лоши луѓе во својот живот кои те оптеретуваат, те прават нервозен и несреќен. Треба да се потпреш на своето искуство и да тргнеш напред низ животот и да бидеш свесен, дека слободата е најголем дар кој не се продава за ништо во животот.

Непроценливо е, да се најдат стотина причини за насмевка кога животот ќе ти понуди 99 причини за плачење. Убаво е кога имаш можност да направиш чекор назад, но само за да земеш залет за нова животна трка и да ги оставиш зад себе, сите оние кои ти зборуваа дека нема да успееш.

Вредно е сознанието, дека она што имаш, можат да го имаат и другите ако се потрудат, но непроценливо е сознанието дека ти си она што си, а другите не можат да бидат такви, колку и да се трудат.

Треба да се има време за оние кои ги сакаш, да бидат на врвот на приоритетите и да го земеш најдоброто од животот.

Непроценливо е, на денешниот ден, да му се даде шанса, за да не ти биде како и сите други, туку да се пронајде нешто во него, што ќе го направи подобар од другите.

Среќа е, да се знае што да се прави со својот страв и сомнеж, да се сфати дека тие не мора, денес да бидат господари, туку да бидат оружје во твоите раце, со кое ќе направиш нешто величенствено.

Непроценливо е, да не се биде достапен во секој момент од својот живот, туку да имаш една оаза на мирот, во која секогаш можеш да се скриеш во моментите на различните животни бури.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: