Разделбите се неизбежни, како и средбите

Разделбите се неизбежни, како и средбите. На тоа секогаш треба да се потсетувате, дека се’ доаѓа и си оди, посебно луѓето.
Единствената разлика помеѓу секој од нив е периодот на нивниот престој- една недела, месец, година. Некои се и понатаму покрај вас и тоа е за почит.

Меѓутоа, се случува оние за кои најмногу сте врзани, од некои причини, се први кои го напуштаат вашиот живот. И понекогаш е нормално да си сам. Ова е апсолутно обична околност и не треба да се трудите со сите сили, да го присилувате некој да остане, да не си оди. Подобро е да се отвори вратата, за оние кои треба да влезат.

Но, знаеме од свое лично искуство дека секое простување, значи болка. Таа не’ тера да размислуваме за сопствената вредност, како и за нашата вредност и значењето во нечиј живот. Таа не’ тера да се запрашаме зошто така лесно човекот не’ остави, зошто не се сврти наназад и зошто никогаш не се врати.

Секако, тоа е болно и непријатно. Меѓутоа, не можете да им дозволите на некои луѓе да продолжат да бидат присутни во вашите животи, ако повеќе не носат ништо позитивно и не дозволуваат да се развиете, туку ве потиснуваат уште подолу.

Мора да запомните дека разделбите и простувањето не се околности кои можат да ве спречат да бидете среќни. Затоа што крајот е всушност нов почеток.
Во универзимот, сите настани се случуваат со некоја причина. Можеби сега не ја знаете, но наскоро, таа ќе стане јасна и очигледна, а вам ќе ви биде полесно.

Погледнете на своето опкружување. Тие кои се навистина важни и понатаму се со вас. Можеби и недоволно ги почитувате, бидејќи сте зафатени со трчањето по луѓето, кои никогаш немаат намера долго да останат во вашиот живот.

Животот може многу да ви даде, вклучувајќи ги и ‘вашите’ луѓе кои ви ја даваат својата сила, своите чувства и себе, останувајќи покрај вас. Затоа доаѓа време, да ги отворите очите и срцето за да видите кој навистина се грижи за вас и не губете време, да ги задржите оние кои немаат доволно време и внимание за вас.


Извор:http://www.transurfing-real.ru/2018/07/blog-post_89.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: