Кога ви се чини дека животот не е фер: 10 начини се’ да свртите во своја корист!

Никако да ви тргне во животот? Ви се чини дека ништо нема смисла и дека среќата постојано ве заобиколува? На секој од нас понекогаш ни се чини дека животот е неправеден, но секогаш треба да се живее со мисла дека најдоброто доаѓа.

Следниве 10 цитати ќе ви помогнат да размислувате позитивно и да не губите надеж, кога ви се чини дека животот не е фер.

1. Понекогаш само треба да поразговараш со четиригодишно дете и 84- годишен старец, за да го разбереш повторно животот.

2. Што и да правиш, никогаш не се враќај на она што те скрши.

3. Кога ти се чини дека немаш на што да бидеш благодарен, провери го својот пулс.

4. Запомни дека ситуацијата во која си моментално, не е твое крајно одредиште. Најдоброто допрва доаѓа.

5. Кога животот е сладок, кажи благодарам и слави. Кога животот е горчлив, кажи благодарам и учи.

6. Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш не’ насочуваат на пат, кој ќе не’ донесе до најдобрите работи кои ќе ни се случат во животот.

7. Секој ден е нова прилика да го промениш својот живот.

8. Најди нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога ќе мора да бараш малку подолго.

9. Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.

10. Она најлошо што може да ти се случи во животот, ќе те научи на она најдоброто- никогаш да не го земаш животот здраво за готово.

Извор: zadovoljna.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: