Силната жена не ја прашуваат дали е уморна, дали има стравови или грижи

Кога другите ќе те видат како силна жена, мислат дека не ти е потребно ништо и никој, дека можеш да се носиш со било што и можеш да се издигнеш над секоја ситуација.

Никој не ти е потребен да те слуша, да се грижи за тебе или да ти оди по ќеф. Кога те доживуваат како силна жена, очекуваат од тебе да ги решаваш нивните проблеми. Тие ти се обраќаат тебе и мислат дека ти немаш потреба да му се обраќаш на никој.

Силната жена не ја прашуваат дали е уморна, дали страда или не и’ оди во животот, дали има стравови или грижи. Важно им е само таа да е секогаш до нив: Светилник во магла, остров во море.

На силната жена не и’ се простува. Ако изгуби контрола, станува слаба во нивните очи. Ако се изнервира, ќе ја наречат хистерична. Но, никој не се интересира, колку енергија е потребно секојдневно да бидеш ТАА, силна жена.

Почитувај ги силните жени во својот живот, дај им внимание и поддржи ги, бидејќи и нив им треба некој да ги слушне, да имаат внимание и да се сакани. Им треба понекогаш одмор .Од се’..

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: