Рускиот парапсихолог С.Н.Лазарев: Еве зошто сте несреќни во животот и зошто болестите ве напаѓаат

Зошто една личност е среќна и полна со енергија, а другата е болна и депресивна? Зошто е некој миленик на судбината, а некој не?

Истражувајќи ја врската помеѓу човечкиот поглед на свет и ситуацијата во која животот го става, Лазарев дојде до многу изненадувачки откритија и верува, дека во нив лежи клучот на здравиот и среќен живот.

Рускиот психолог, филозоф, исцелител и парапсихолог Сергеј Николаевич Лазарев, потпишува една од најпопуларните книги во последниве години со наслов ‘Дијагностика на кармата’.

Имено, Лазарев верува дека болеста може да продолжи како последица на кармата, која треба нешто да ве научи. Темелот на неговата работа е поуката, дека мора да го разберете својот спиритуален пат ако сакате одговори на тешките животни прашања. Зошто некои луѓе се полни со енергија, а другите се депресивни? Или што би рекле нашите стари, зошто на некои животот им е мајка а на некои маќеа?

Во што е всушност тајната на здравјето и среќниот живот? Истражувајќи ја врската помеѓу погледот на човекот на светот и ситуациите во кои животот го става, Лазарев дојде до многу изненадувачки откритија и верува дека во нив лежи клучот на здравиот и среќен живот:

1. Можно е да ја смените ситуацијата во која се наоѓате, ако се промените себеси. Прво што треба да научите- откажете се од желбата да ја контролирате ситуацијата. Она што ќе ви донесе најмногу добро е таа ситуација добро да ја разберете.

2. Лазарев признава дека порано не разбирал зошто постои непишано правило, на пример, кога се јаде, не се гледа телевизија, не се чита книга и сл. Со време сфатил дека во текот на јадењето, информациите слободно одат во несвесно, па се’ за што тогаш размислувате или расправате оди директно до душата и ја загадува. А колку пати сте се расправале на маса додека јадете?

3. Секоја болест потекнува од развојот на агресијата во душата.

4. Никогаш не се жалете на никој за било што. Ниту на судбината, ниту на Бог, ниту за минатото, ниту на луѓето, ниту за луѓето. Секоја реченица која ќе ја изговорите за некој може да биде потенцијален програм за уништување на таа личност. Затоа добро внимавајте што зборувате.

5. Во секојдневниот живот, често си дозволуваме себеси да зборуваме лошо за луѓето, за себе, за судбината. Таквата навика, верувале или не, неверојатно ги уништува- забите!

6. Кога нечие однесување или реакција ќе ве повреди, имајте во предвид, дека сте 99% вие таа личност коа несвесно први навредувате.

7. Секогаш бидете свесни, се’ што ве опкружува може во моментот да исчезне- саканата личност може да ве предаде, остави, навреди, умре. Во тие моменти ќе се чувствувате дека и сами ќе умрете.

8. Било кој третман кој не вклучува и исцелување на душата нема да ве исцели во потпилност.

9. Ако некој покажува агресија кон мене, тоа значи дека и јас во себе носам сличен ‘програм’. Кога ќе го тргнам од својата душа, агресивниот напад престанува. Било која врста на агресија е невозможна, ако во себе не носите нешто слично.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: