Дали Љубовта што ја посакувам, ќе ги реши сите мои проблеми?

Најчеста тема за разговор…
– ‘Се’ би било совршено да има кој да ме сака’.
– ‘Само да има некој да ми даде љубов’
– ‘Љубовта што ќе ја добијам, ќе ги реши сите мои проблеми’.
❤ Ниту една љубов што доаѓа однадвор не може да ги реши нашите проблеми.
Се’ додека бараме некој да не’ сака за да се чувствуваме сакано, во нашиот живот ќе доаѓаат оние на кои љубовта исто така им е потребна. И тука среќа нема.
Ние чекаме од него, тој од нас.
А од нас не излегува љубов бидејќи ние ја чекаме од друг.
И на тоа, крајот не му се гледа.
За да живеме задоволен живот, потребна ни е љубовта која ја има во нас, а не од надвор.
Не е љубовта селотејп, па таа така залепена за вас, да ви овозможи да работите и живеете.
Не е ниту медал, со кој добивате потврда дека се чувствувате сакано.
Работете ја својата работа поради себе, украсувајте го денот, пуштајќи го сопственото задоволство.
Бидете љубезни кон другите, бидејќи вие така се чувствувате подобро.
Гушкајте ги децата, бидејќи има љубов во вас.
Нашата задача е да создаваме во нас доволно нежност, трпение, одговорност за себе, а и љубов за да можеме да им дадеме на другите.
Единствено љубовта во нас расте. И тогаш другите ни ја враќаат ❤❤.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: