Добро е што ние и толку се разбираме…

Добро е што ние и толку се разбираме. Понекогаш комуникацијата со луѓето ми изгледа како одење по минско поле. Колку наши стравови предизвикани од лоши искуства ќе се судрат со стравовите на другите луѓе. Колку несоници, изневерени надежи, главоболки, хормонски пореметувања, очај и тага кријат веќе извежбани насмевки.

Колку е само силен тој безгласен урлик, кој од толку очи не’ набљудува, покажувајќи како од гордост и грубост се вика помош, можеби никогаш нема да дознаеме. А сето поради своите битки кои ги водиме, знаејќи и незнаејќи што сакаме, додека од другите очекуваме да не’ разберат.

Навистина, добро е што ние и толку се поднесуваме, додека во нас се рушат светови.

А можеби, можеби ќе помогне ако молчиме и ако слушнеме кога некој ни зборува додека вика или додека глас не пушта. Можеби во тоа слушање и сочувствување, ‘појасот за спасување’ во нас и во нив ќе не’ извади од вртлогот на пропаста која, и кога е туѓа всушност е наш врисок низ времето и просторот и треба да се крши.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: