Ако мрачиш- мрачно ќе биде, ако светиш- светло ќе биде. Од тебе зависи

Не се грижи за иднината која уште не пристигнала или која можеби никогаш нема да дојде, не го занемарувај сегашниот момент и луѓето во него.

Не размислувај за тоа, што еден ден може да се случи, бидејќи прашање е дали тој ден за кој се грижиш, воопшто ќе дојде. Не размислувај, што се случува некаде во светот, бидејќи твојата моќ и влијание ќе стигнат само до она место, до каде ќе се слушне твојот збор и ќе биде присутно твоето тело, понатаму од тоа не можеш, никој и ништо да промениш.

Кажи ‘баш ми е гајле’ и пушти ги луѓето, што постојано се жалат на други. Можеби не сакаат да знаат, дека имаaт многу да работат на себе, дека интересот за туѓиот живот, всушност е изговор за да не работат на себе и не менуваат ништо во својот.

Не гледај како некој се однесува, кој- што направил, кој- каде оди, какви му се намерите, бидејќи на крајот на краиштата, не ја знаеш неговата приказна, па, тогаш, кој ти даде право, за него нешто да судиш.

Пушти ги другите да го живеат својот живот, ако можеш да им помогнеш- помогни им, а ако не можеш- не им сметај. Кажи ‘баш ми е гајле’ и престани да размислуваш за минатото. Престани да зборуваш ‘што би било, кога би било’- почни да делуваш.

Остави ги своите грижи, за она што не можеш да промениш, на што не можеш да влијаеш, бидејќи тие можат да те скршат, а ништо не си добил.

Кажи ’не ми е грижа’ и престани да ги прифаќаш понудите кои те смалуваат, кои те потценуваат и те прават помалку вреден. Биди доволно трпелив, да го почекаш само она што го заслужуваш.

Кажи ‘баш ми е гајле’ и сврти се кон позитивните работи. Сврти се кон луѓето кои ќе те инспирираат, да направиш нешто вредно и оди кај оние кои едвај чекаат, да вшмукаат туѓа негативна енергија.

Почни често да зборуваш ‘баш ми е гајле’ не затоа што си себичен, туку едноставно, затоа што повеќето работи во животот не мора и не можат да бидат загрижувачки, бидејќи ти тука не можеш ништо да направиш. Кога ќе ги отфрлиш таквите работи, сврти се кај оние луѓе за кои навистина се грижиш и живеј со нив и за нив.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: