Дали денес може да се најде добар маж?

Тешко е да се сака добар маж.

Добриот маж не е само добар човек, туку тој секогаш прави убави работи за да ви докаже нешто. Љубезноста е дел од неговиот ген и негов морален код, збир од вредности и приоритери кои ги почитува и на кои им пристапува во склад со своите лични стандарди.

Добар маж прави она што е добро за него. Тој никогаш нема да ве лаже за да ве поштеди од лоши чувства, тој всушност ќе направи многу работи кои ќе ве налутат и погодат.

Но, најверојатно нема да му се лутите, бидејќи е тој добар човек. Добар маж е човек кој ќе и ‘ се јави на својата бивша девојка кога е со вас во друштво, бидејќи тој нема што да крие.

Добар маж ќе ги стави желбите на своите пријатели и на семејството пред неговите сопствени потреби, дури и кога тој не признава дека неговите пријатели и семејството се однесуваат манипулативно и себично, бидејќи добриот човек е секогаш верен.

Ако поминувате време со таков маж, никогаш нема да бидете вознемирени, бидејќи како може некој да се налути на таков добар маж? Секоја жена знае дека во денешниот свет на односи и Не- односи, е подарок и вистински благослов, такво отворено комуницирње.

Да се биде со маж во врска е тешко, но, од друга страна во овој свет на лаги, прељуба, фраери, да се пронајде и да се задржи така добар човек е среќа.

Тој се грижи за семејството, тој се грижи за жената која ќе го освои, тој е нежен, тој секогаш има зборови на утеха, тој се грижи на сите да им е добро, бидејќи знае дека благодарноста е во малите работи и значи отворен пат за добивање на големи работи, на кои уште повеќе ќе биде благодарен.

Добриот човек ќе ве промени; покрај него ќе уживате. Со часови смислено ќе разговарате, а во тие минути ќе видите дека времето што го поминува со вас нема друга причина, освен неговиот вистински интерес за вас и вашето мислење.

И вие знаете дека добриот маж, наспроти своите мани и понекогаш иритирачки добри навики, не може никој да го достигне. Бидејќи него тешко можете да го налутите, но и тешко ќе можете и да го преболите.

По малку досаден по добрина, помалку напорен бидејќи многу е грижлив, помалку иритантен поради своите љубезни гестови. Но, можеби не е работата во неговата добрина, туку во нас, бидејќи порано не сме сретнале таков речиси нестварен маж.

Можеби ќе го споредувате со вашите нови љубови. Вистина е, да се најде добар човек е многу тешко, но, да се биде во врска со таков човек е уште потешко, а да се изгуби е едноставно недозволено- ниту да се замисли, ниту да се прифати, а невозможно ниту да се пушти.

Извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: