Дали мислите дека однесувањето на другите секогаш има врска со вас?

И покрај самодовербата, многу луѓе се плашат од реакцијата и мислењето на другите. Ако ги препознаете овие 12 работи кај себе, тоа е знак дека премногу се грижите.

  1. Константно себеси се проценувате низ очите на другите луѓе.

2. Имате чувство дека низ главата ви поминуваат туѓи коментари за тоа, каде згрешивте и дека не ги исполнивте очекувањата на другите.

3. Мислите дека однесувањето на другите секогаш има врска со вас.

4. Кога некој нема веднаш да ви одговори на мејл, сигурни сте дека направивте нешто погрешно. Или тоа е доказ, дека на таа личност не и се допаѓате. Повратните информации на другите луѓе често ве обесхрабруваат. Коментарите на другите ги сфаќате лично и за вас се доказ дека не сте доволно добри.

5. Сакате да кажете вистинска работа во вистинско време. Затоа сами себеси често се цензурирате, грижејќи се дека ќе кажете нешто погрешно. И поради тоа, за да бидете сигурни, не го кажувате своето мислење и идеи.

6. Се трудите на сите да им се допаднете. Се правите дека ве интересираат исти работи со луѓето на кои сакате да им се допаднете, но не разговарате и не ги правите работите кои не сте сигурни, дека другите ќе ги интересираат.

7. Посакувате склад и не се лутите често. Од некоја причина имате чувство дека не смеете да се налутите. Од друга страна, полни сте со разбирање кога некој друг ќе се налути.

8. Не зборувате често за она што знаете, бидејќи другите ќе мислат дека сте некој сезнајко. Верувате дека ако не покажувате за што сте способни, другите покрај вас ќе се чувствуваат пријатно. Себеси се ставате на последно место и им замерувате на другите, кога нема да забележат колку се жртвувате.

9. Срамежливи сте за работите кои ве интересираат, бидејќи ви се чини дека се многу поинакви од работите, кои луѓето околу вас ги ценат.

10. Тешко ви е да барате помош од други, бидејќи мислите дека не сте компетентни или доволно способни сами да го решите проблемот.

11. Тешко кажувате не, бидејќи другите можеби ќе ви се налутат или ќе се разочараат во вас.

12. Се чувствувате заробени во животот кој звучеше ветувачки, но не ве исполнува. Но, се плашите да смените нешто, бидејќи другите можат да ве осудат (така ќе направите будала од себе).

Без оглед на тоа колку вие се трудите, никогаш нема да им се допаднете на другите. А зошто ви треба тоа?

За да си го олеснете себеси животот и ако престанете толку да се грижите за тоа што другите мислат за вас, прочитајте ги следните совети: Искрено поврзете се со луѓето кои ве разбираат, кои сакаат да разговараат за исти работи, делат исти интереси или имаат други погледи кои ве фасцинираат.

Искористете ги своите таленти и сила за да создадете нешто што вие можете и поради што другите искрено ќе ве почитуваат.

Работете работи кои ве радуваат и во кои до израз доаѓа вашата единственост и посебност за да вистински се чувствувате исполнето: дозволете си на самите себе да правите она што ве интересира, без оглед на тоа што ќе речат другите.

Секогаш имајте на ум, дека тоа што на никој не му се допаѓате не е одраз на вашата вредност како личност; тоа е само одраз на нивните преференци, потреба, очекувања, идеи и уверувања.

Извор: Zadovoljna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: