Кога ќе почувствуваш дека тоа не е твојата Љубов?

Никој ја нема таа моќ, љубовта постојано да ни ја дава. Другата личност е само наш патоказ, но патот мора да го поминеме сами. Детски и магично веруваме дека со напор, голем труд и откажување, можеме еднаш да дојдеме до точка, во која се наоѓа ризницата на љубовта. Колку пати се повредуваме, а остануваме живи. И кога некој вистински ќе ни понуди љубов, повеќе не веруваме и бегаме од тоа. Од блискост, допир, од животот.

‘Никогаш нема повеќе да сретнам човек како него, а тој ме напушти’-реченица е која ја слушаме во разни облици. Ова се зборови на тивкото дете во нас, повторно проживувајќи го одамна поминатото искуство на солзи и болка. Напуштањето на родителите или во секојдневниот живот од блиските пријатели, секогаш, во било кој однос одново, ќе се проживува сликата за напуштање и повредување. Тоа сеќавање останува длабоко во нас. Несвесно на него ставаме окови, заштита, на некој начин бегаме од тоа, само да не мораме повеќе никогаш со тоа да се сретнеме.

И тогаш ќе се појави некој со кој ќе доживеете експлозија на чувства, од нежност, љубов, топлина итн., барем на почеток. Како луѓето и односите со текот на времето се менуваат, можно е другата страна во еден момент по некоја причина да одлучи да си оди од врска/ брак. Тогаш во тој процес, се случуваат нормалните фази кои се појавиваат (шок, негирање, тага, тешко прифаќање) и некоја длабока болка која може да трае со месеци и години по заминувањето. ‘Зошто и тој мораше да ме напушти?’ ‘Сите ќе си одат и тогаш ќе останам сама’. ‘Нема да можам сама’.

Сите овие изјави упатуваат дека во личноста постои нешто непроживеано, односно остатоци од некоја мината емоционална траума или повреда која можеби никогаш не била прегледана. Всушност тоа е животот од позиција на беспомошно дете кое е зависно од друга личност, беспомошно.

Кога сте веќе возрасен човек, другите можат да си одат, но јасно е дека единствено можете да се напуштите само самите себе. На пример, ако партнерот си замине, ги напуштате и вашите секојдневни постапки. Негрижа за себе, изолација, замислување дека никогаш никого нема да запознаете само се некои од начините за напуштање. Преку процесот на сожалување, потребно е и да се поработи на повредувањето, во иднина тоа да не се случи, да не се отвора и крвари.

Се додека го носите тој терет, несвесно привлекувате луѓе кои ќе ви го повторуваат вашето животно( детско) сценарио. Барајќи љубов, всушност ќе го најдете спротивното. По почетната привлечност и еуфорија, почнува фазата на судир и ако носите длабоки повреди за кои не сте свесни, истото сценарио ќе се повторува со партнерот. Покрај хемијата на другата личност, можете да поверувате дека тоа е единствената личност за вас и тука се случува проблем.

За вашата среќа единствено сте вие одговорни. Нема друг, кој ќе ви ги нареди сите коцки во вашето срце ако сами со себе не сте во мир. Другата личност доаѓа како последното делче на исполнето срце кое во соживот може да расте, сака и учи. Тоа е всушност процес на исцелување низ односи.

извор: Atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: