Секоја твоја болка нека биде моја, секоја твоја солза нека биде моја…

Ме боли..

Но, не ме боли толку колку што ме боли За тебе, твојата болка за мене е поголема. Твојата болка мене ме печи како жар во огнот кој никако да изгасне. Таа поврзаност за мене не се опишува, ме боли утробата како нешто да се распаѓа во мене.

Те чувствувам како мајка која го чувствува своето бебе, дете и после 50 години. Оние чувства, оној инстинкт, оној вртеж во стомак, претчувство…Тоа е толку силно во мене, кога нешто не е во ред со тебе.

Но, јас само едно сакам: Да бидеш најдобар, да бидеш најсреќен, најсакан, најпочитуван. Ти тоа го заслужуваш. Секоја твоја болка нека биде моја, секоја твоја солза нека биде моја, секое твое паѓање нека биде мое.. просто се’ нека е на мене, зошто ти живееш во мене, па тогаш јас нека ја носам секоја тежина само ти да си Добар.

И знам и тоа ќе се случи. Ќе ги ислуша Господ моите молитви, ќе помогне и се’ ќе заврши.. јас знам, уверена сум и со силна верба дека ти ќе бидеш Најдобар, а со тебе и Јас.

Ќе воскресне со убавините кои допрва доаѓаат, кои никогаш потоа нема да завршат, ќе заврши само страдањето, болката, тагата, несреќата…А ќе Воскресне Љубовта и Среќата. Со вера, надеж и љубов, Бог ќе се смилува над Тебе!

В 13

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: