Се’ во животот има свое време и не може ништо да се забрза

Кога ти се чини многу тешко, најди сили да се чувствуваш поинаку, најди сили да се извлечеш од калта во кој си турнат. Нема да успееш, ако продолжиш со своите мисли да го храниш своето чувство на жртва, неправда и бесмисла, иако во некоја рака навистина е така, како што ти се чини и како мислиш.

Мораш да се тргнеш од искушението, овој свет да го гледаш како една црна дупка, бидејќи таа дупка ќе те шмукне, ако ја претвориш во своја опсесија.

Еднаш кога во животот, ќе се најдеш навистина во тежок период, најди сила да живееш едноставен живот. Поедностави ги мислите, искуствата и лекциите кои ги учиш од животот и почекај додека твојата слика на светот, не почне да ти влева некоја надеж.

Во најлошите времиња, се случуваат и најважни промени, болката која ја чувствуваш тогаш, не доаѓа без никаква причина, туку е тука да сфатиш, дека ништо не се случува без борба, бидејќи со неа покажуваме колку некој или нешто ни е важно.

Еднаш кога во животот, навистина ти е многу тешко, научи повторно да се сакаш, научи да ги редефинираш своите ставови, кои не те водат никаде, научи од почеток да поставуваш цели, научи повторно да се среќаваш со луѓе.

Не си само посетител во ова време, тука си да оставиш некој траг, тука си да сфатиш, дека ова време има бескрајни можности, да ги претвориш своите болки во раст и да ја затвориш вратата, која не те води никаде.

Не се сокривај од самиот себе, тешкотиите нема да престанат, туку ќе се зголемуваат. Подобар човек стануваш, кога ти се чини дека се’ паднало во вода, а ќе ја пронајдеш онаа додатна причина и начин да направиш нешто, што никогаш не си направил и да се најдеш на почеток на еден нов свет.

Еднаш кога во животот ќе ти биде многу тешко, стави го срцето во служба на своите соништа, а не на своите стари повреди и ќе видиш како пред тебе, ќе се отвори еден нов пат во подобра иднина.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: