Се’ можеш, ништо не мораш!

Односите со другите се нешто што го обележува најголемиот дел од нашиот живот. Сите се трудиме тие односи да бидат квалитетни и бараме начин како да ги зајакнеме.

Има правило кое го држи квалитетот на сите односи: Дајте си слобода еден на друг. Само во слобода човекот може да расте и да се развива. Кога еден на друг ќе си поставите ланци, тогаш и двајцата сте уништени.

Да му се даде слобода на другиот, значи да се разбере вистинскиот пат на љубовта, дека ние никој не поседуваме, никого не врзуваме за себе, туку во слобода се согласуваме да бидеме еден покрај друг. Не оди љубов без слобода, но нема вистинска слобода без вистинска љубов. Тоа е она што ја прави љубовта.

Ако сакате некој да врзете за себе, тогаш потполно ќе го угушите, ќе ги ослабите неговите потенцијали, ќе ги смалите неговите можности, ќе ја разводните неговата среќа. Како што пријателството бара слобода, така и секој втор квалитетен однос не може да опстане без одредена доза на слобода.

Децата имаат слобода да го живеат својот живот поинаку од она што родителите го замислуваат, но, ако го примиле семето на љубовта, секогаш ќе имаат сила да се вратат на оние кои му ја дале таа љубов.

Не се плашете од љубовта во која има слобода, во неа се наоѓа доверба и вистинска желба другиот да успее и да биде среќен. Таа е тука за другиот да сонува, да може да ги постави своите цели и да оди по нив.

Слободата е тука секој пат, кога на човек ќе му биде тешко, да знае на кој ќе му се врати и со кој ќе ги подели најтешките моменти. Но, во исто време, ќе почувствува што треба да и’ се даде на другата личност ако се наоѓа во тежок период, која се мачи со своите сомнежи, на која и’ треба подршка на својот пат.

Секогаш дајте си слобода еден на друг!

Не го правдајте својот кукавичлук и слабост, не допуштајќи им на другите да одат од вас. Никогаш нема емотивно да бидете јаки и да бидете зрели, ако постојано имате потреба да се придржувате на некој друг, со оправдување дека го сакате.

Љубовта прави чуда и ги менува животите, но само ако расте и се развива во слобода. Дури кога ќе се одлучите да се ослободите од стравот, ќе ја разберете нејзината тајна.

До тогаш ќе бидете уверени дека се’ ова што го доживувате е љубов. Но, само во слобода вистински ќе разберете и доживеете.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: