Биди она што си и не се обидувај да личиш на другите

Биди она што си и не се обидувај да личиш на другите. Потребни се различни луѓе за да постои светот. Не сакам сите да личите едни на други, како јајце на јаце. Сакам сите да бидете различни, секој да работи специфична работа и да има специфична улога, совршено да се стопува со целоста. Тоа не значи дека ќе настане дисхармонија или несогласување поради тоа што сите се различни.

Постојат многу различни музички инструменти во еден оркестар и секој има вистинско место во светот и совршено се вклопува кога дејствува во хармонија со целиот свет. Кога одделни души тргнуваат по својот пат без размислување или грижа за остатокот на светот, тогаш доаѓа до несогласување и хаос.

Кога твоето срце е на вистинско место и кога живееш и работиш за доброто на целиот свет, може да се случи единствено најдоброто. Затоа престани да се бориш и олабави се. Само треба да бидеш тука и да дозволиш се да се одвива само од себе.

Ајлин Кеди

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: