Едноставно ќе почувствуваш дека тоа не е твојот пат

Едноставно ќе почувствуваш кога тоа не е повеќе твој смер. Кога патот по кој одиш, бара од тебе да свртиш и да го смениш правецот на движење. Ти станува се’ појасно дека промената се гледа, а знаците на патот стануваат се’ поочигледни. И некако- едноставно Знаеш.

Знаеш дека нешто радикално ќе се смени. Свесен си за тоа и некако си во исчекување од каде ќе стигнат промените. И не се плашиш. Бидејќи толку пати тоа го помина и се увери, дека Бог ја гледа пошироката слика. И знае подобро од тебе, што е најдобро за тебе.

Па, останува само чиста Вера и пушташ да Те води. Таму каде што треба да дојдеш… Нема место за сомнеж, само наслушуваш што Душата то шепоти и чекориш во согласност со тоа. И знаеш дека се’ додека сте поврзани, се’ додека го чувствуваш Водењето- нема да згрешиш.

Нема место за сомнеж и никогаш не си сам. Чудесно е тоа чувство. Посебно. И толку моќно. Не постои страв. Се чувствуваш сигурен во непознато. И тоа е неверојатно. Не се опираш ниту малку, само веруваш дека се’ ќе се нареди на најдобар начин, кога ќе биде најдобро време за тебе.

И се радуваш на она што доаѓа. Бидејќи некако, на некој начин тоа мора да биде најдобро за тебе. Секогаш е. Иако ние тоа секогаш не го гледаме.

Но, сознанието дека се’ служи за раст на нашата душа во тоа ни помага. Сознанието дека некој горе ја гледа широката слика, носи мир. И сила. И вера. Да се препуштиме.

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: