Како да имате вистински луѓе во вистинско време околу себе?

Нездрави врски. Сите сме слушнале за нив, а половина од нас во некој животен момент и бил во некоја. Лера Абова, модел, 25 год, е дел од таа статистика. Еве го нејзиното искуство.

Отсекогаш бев посебно дете, со енергија и емоција која тешко се контролира. Доволен беше само еден погрешен збор или благо отсуство на внимание, за да ме префрли од љубов во омраза. Додека растев, моето семејство беше за тоа свесно и знаеше како со тоа да се носи, но луѓето кои ги запознав подоцна во животот, често немаа толку разбирање- а зошто и да имаат? Зошто да го трпат моето однесување кое на другите им нанесува болка?

Умеам да бидам тиранин дома. Кога имам лош ден, ја правам таа грешка да се дерам на луѓето кои ги сакам и покрај кои ми е убаво. Мислам дека на некој начин, сакам тие да се чувствуваат подеднакво лошо како и јас- за да разберат како ми е. Можам да ви ги наведам сите дијагнози кои во текот на живитот ги добив од разни доктори, но мислам дека за тоа нема потреба. Се надевам дека луѓето ќе разберат за што зборувам.

Работите знаат да тргнат вистински лошо кога се во прашање моите љубовни врски. Тие секогаш тргнуваат величенствено, но со тек на време, тој интензитет добива негативен предзнак. Проблемот со нездравите врски е тој што и на двата партнери им треба помош. Според моето искуство, тие често завршуваат како натпревар во тоа, на кој му е полошо. Некогаш мислев дека така изгледа вистинската љубов, но што сум постара се’ повеќе разбирам дека вистинската љубов нема никаква врска со психолошкото насилство.

Морав сама да сфатам дека мојот партнер не е мое сретство за постигнување на среќен крај. Единствено сум јас одговорна за сопственото ментално здравје. Потрошив три години од животот, обвинувајќи ги сите околу мене за моето ментално здравје и се надевам дека никогаш повеќе нема да си дозволам себеси да ја повторам истата грешка.

Верувам во карма, а тоа ми дозволува сопственото однесување да го набљудувам од друга перспектива. Поголемиот дел од она што ми го прават другите, веќе и сама им го правев на другите. Не само што можам да ги согледам сопатвените грешки, туку можам и вистински да ги разберам. Имам способност жестоко да го мразам овој свет и самата себе, но затоа поседувам и способност да го сакам животот, светот и самата себе.

Знам дека некогаш лошо влијаам на другите, но последната работа која ми треба во животот е да ми налепи некој етикета и да ми каже дека е се’ само во мојата глава. Секој човек има сопствени причини зошто се чувствува лошо. Луѓето се научени некој друг да им ги решава проблемите. Штом се соочиме со стрес или скршено срце, трчаме по лекари за да земаме антидепресиви или таблети за спиење.

Но, тоа е лоша одлука. Тие можеби ќе ги отупат нашите проблеми, но не создаваат хармонија помеѓу нашиот ум и тело. Научете при стрес или излив на бес да го контролирате она што го зборувате. Колку и да е тоа банално, не можете да ги повлечете изговорените зборови и ќе ги повредите луѓето кои ги сакате. Не дозволувајте својата агресија да ја истресите на другите човечки суштества.

Сакам да можеме да имаме вистински луѓе околу себе во вистински моменти.

извор: Lola

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading