Без некои одговори ќе мораш напред. Се’ ќе ти биде јасно кога ќе го направиш првиот чекор

Не треба во животот да имаш одговори на сите прашања, доволно е да го знаеш одговорот за својот живот. Дали понекогаш се прашуваш, зошто живееш?

Ако макар само малку дојдеш до некои одговори, тогаш се’ се менува. Чувството на слобода произлегува од тоа, да не се замараш со непотребни работи, да не се впушташ во безначајни разговори и во секој момент да можеш да кажеш ‘постои нешто подобро што заслужувам и тоа го бирам’.

Дајте си време, да се запознаете себеси и се’ друго ќе дојде на свое место. Не треба во животот секогаш да имаш одговори на сите прашања, доволно е да се препуштиш и да учиш од искуствата, доволно е да прифатиш дека сите работи се случуваат со некоја причина, па полесно ќе ги поминуваш оние тешки и болни ситуации.

Нема потреба се’ да гледаш со восхит, само не дозволувај тешките моменти да те обесхрабрат и да те извадат од такт, да помислиш како животот нема смисла и колку е безвреден и дека бесот, тагата и разочарувањето е единствено што ти преостанува.

Не треба во животот да ги знаеш сите одговори, потребно е само да ги тргнеш бариерите кои ги имаш во себе, а тогаш ќе видиш како една по друга се отвараат вратите на светот, ќе видиш дека не е секогаш проблем во другите и до препреките на патот, некогаш многу добро можат да дојдат, бидејќи ќе ја зајакнат твојата волја и ќе ја зголемат твојата сила.

Не треба во животот да се биде појак од секој страв, доволно е да му се спротиставиш и веќе си го победил. Некогаш треба да сфатиш, дека она најдоброто веќе го носиш во себе и дека целите кои ќе ги достигнеш нема да ја зголемат среќата или ако изгубиш нешто од она највредното што си и што го имаш, можат да ја намалат.

Интуицијата е твоја база на одговор, тука ќе најдеш одговори и на она што не можеш да разбереш и што не можеш да достигнеш.

Прифати дека животот е таков. Без некои одговори ќе мораш напред, дури кога ќе зачекориш на тој пат, се’ ќе ти биде јасно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: