Дали некогаш сте доживеале од некоја средба да ви затрепери срцето?

Некои луѓе само ги гледаме, други пак ги чувствуваме. Зошто, како? Ние не знаеме, душата знае. Пред да дојдеме овде, се договоривме кого ќе го сретнеме на нашето патување низ животот. И кого ќе го видиме, а кого ќе го почувствуваме. Бидејќи, ниту една личност и ниту една средба не е случајна.

Секојдневно среќаваме бројни луѓе. Понекогаш за тие средби не сме ниту свесни. Поминуваме автоматски низ светот, присутни само во нашите глави и не забележуваме кој поминува покрај нас, ниту покрај кого ние поминуваме. Понекогаш ги набљудуваме луѓето, но не се фокусираме на нив, туку ја проценуваме нивната надворешна појава.

Но, ниту една личност и ниту една средба не е случајна. Позади секоја средба се крие некоја повисока смисла. Што е тоа средба на душите? Кој никогаш не доживеал средба на душите, можеби нема да сфати до крај што е тоа. Бидејќи, средбата на душите, како и љубовта е чист блесок на вечноста, што со умот не можеме да разбереме.

Средбите на душите, потполно излегува во просторот на чиста магија. Паралелна стварност. Портал кој одеднаш потполно неочекувано се отвора пред нас и другата личност не’ привлекува во центарот на безусловната Љубов.

Постојат средби кои никогаш не сме ги очекувале. Никогаш не сме ги планирале. Едноставно се случиле и засекогаш ја прошириле нашата душа. Може да се случи во најнеобични околности, но и во некој обичен ден, кога не се чувствуваме ништо посебно, кога се’ што посакуваме е да се пикнеме во својата чаура и да ‘дремиме’ во својата добро позната безнадежност.

И одеднаш, потполно неочекувано, доживуваме средба со некоја душа. Средбата која за еден момент ги брише сите неволји и ни дава живот во секоја наша клетка. Средбата која ќе блесне пред нас како најсилна искра, ќе го избрише секој сомнеж, секое прашање, секоја рана на срцето.

Средбата на душите е највисок облик на постоење. Дали некогаш сте доживеале од некоја средба да ви затрепери срцето? Да ве ослободи од се’ и од самиот себе, како што се прикажуваме во овој живот? Да останеме потполно оголени, сами со себе, без да се чувствуваме рането или незаштитено? Да се чувствуваме толку свои и сигурни, како што никогаш не сме се чувствувале? И одеднаш оздравуваат сите твои болки, исчезнуваат сите повреди што цел живот те пратат. Одеднаш си во тој дел од секунда, кога си едно со сите и се’ е едно со Тебе.

Самата помисла на таа личност и на тој момент создава пламен на бесконечни можности во Твоите гради, ги шири Твоите крила за кои одеднаш осознаваш дека ги немаш, од ништо не се плашиш и никаков отпор во Тебе повеќе не постои. Ако ова никогаш не Ти се случило, знам дека Ти звучи крајно нестварно.

Но, за душата тоа единствено е стварно. Во тој момент се’ е јасно. Се’ е чисто. Се’ надреално реално. И имаш чувство дека можеш истовремено и да умреш и да живееш. И ништо нема да биде проблем. До крајни граници, на умот несфатливи.

Ако некогаш си го доживеал ова, знаеш многу добро за што зборувам. Не е тоа романса, ниту почеток на партнерски односи, иако тоа може и да се случи. Таа средба не се дели по пол, категории, интереси. Душите едноставно длабоко се препознаваат и се гушкаат, независно од било какви надворешни околности.

Ако е тоа само момент по која следува физичка разделба, вие засекогаш останувате споени. Бидејќи веќе сте биле споени. И засекогаш вашите души дишат во ист ритам. Ќе знаеш дека сте врзани. Со невидливи, а сепак опипливи нишки на безусловна Љубов.

Извор: marinapapec.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: