6 начини да излезете од очајот

Често се фаќам себеси повторно во некој мрачен тунел, кога се чувствувам отфрлено, малтретирано, предадено и безначајно, а истата приказна се повторува повторно и повторно: Се’ е грозно. Никогаш нема да бидам среќна. На никој не можам да му верувам. Животот е нечесен.

Дали се чувствувате вака? Дали сте доживеале некогаш светот да се руши пред вас, одеднаш, да немате време ниту да земете воздух? Дали некогаш чувствата ви станале толку интензивни, така тешки, што ви се чини како да се формираат во вртлог; црна дупка на очајот? Сакам да знаете, дека иако можеби многу страдате токму сега, вашето страдање не е без смисла и значење.

‘Тажна сум и срцето ми е скршено….како може тоа да биде добро?’ Еве неколку клучни работи кои треба да ги знаете и да почнете да ги применувате, за да се чувствувате подобро:

1. Пронајдете мирно место на кое можете да бидете сами. За да се чувствувате подобро, треба малку да се одалечите од луѓето и животот. Што повеќе има бука и околината ви смета, полесно го упивате циркусот и бедата, што ви ја зголемува тагата.

2. Прашање: Дали е тоа вистина? Откога ќе го најдете мирно место, повторно ќе ги проживеете зборовите, делата, ситуациите или личноста која ви донесе таква голема тага и страдање. Вашиот ум ќе го повторува моментот повторно и повторно, обидувајќи се да разбере. Дозволете тоа да го направи, но мора да знаете дека вашиот ум може лесно да се залепи на било кој заклучок, претпоставка или заблуда која ќе се јави.

На пример, можеби веднаш ќе претпоставите дека вашиот партнер ја критикувал вашата тежина без причина и мисли дека не сте убави и повеќе не ве сака. Во оваа ситуација запрашајте се: ‘Дали е тоа навистина точно? Вашиот одговор, веројатно, ќе биде не или не знам дали е тоа апсолутно точно или не. Ова отвора простор да земете во предвид и други можности: можеби е несигурен во врска со својата тежина и изглед, можеби чувствува вина поради изборот на храна за тој ден, можеби неговиот презир нема врска со вас лично итн.

3. Храбро соочете со своите чувства. Престанете да бегате. Кога чувствуваме силен емоционален притисок, природно е за секоја станица во нашето тело да посакува да побегне и да се скрие. Тоа го правиме така што ги затупуваме нашите емоции со ТВ, технологија, разни супстанци, храна, толку долго, се додека тоа лошо чувство не исчезне. Но, тоа не исчезнува. Сеуште е тука, демне од длабочината, заробено во темните места на нашата мрачна страна. Колку и да мислите дека можете да го избегнете она што го чувствувате, не можете. Тоа секогаш ќе се враќа и ќе ве прогонува во еден или друг облик, често со посилен интензитет.

4. Потсетете се колку пријатели имате кога мислите дека сте сами. Кога сме повредени често развиваме ментален склоп на жртва. Имаме тенденција да се фокусираме на изворот на нашето страдање и самата болка, со што развиваме краткорочна перспектива на животот, верувајќи дека сме потполно сами. Секако, тоа значајно придонесува кон нашата болка. Сите ние понекогаш сме тажни, преживуваме предавство, отфрлени сме, малтретирани. Ако побрзо се соочите со тоа, ќе бидете во можност да раскинете со својата тага и таа нема да владее со вас.

5. Се’ поминува- така и вашата тага. Што останува непроменето засекогаш? Ништо. Така и вашата тага. Можеби сега во овој момент не можете да ја запрете, но тоа нема да трае вечно. Ќе се намали нејзината тежина и сила.

6. Вашата болка е силна, но чесен и моќен учител. Искористете го тоа. Еве како: Лесно е да се биде жртва и да се ‘чува’ својата болка. Низ таа фаза е потребно да се помине за да се сфати, дека не ни служи на ниту еден начин. Зошто го држите тоа ‘Несреќно’ толку долго? Зошто не гледате поука во тоа, нешто од што можеш да учиш?

Болката ве учи неколку работи; може да ве научи како да се унапредите себеси како личност; може да ве научи на емоционална отпорност; да ви даде мудрост и може да ве научи како да се заземјите. Без болка не можеме да го разбереме задоволството. На крај… иако поминувате низ болен период, ќе сфатите дека вие не сте вашата болка. Што повеќе се поистоветувате со болката, повеќе ќе страдате.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: