Не се борете премногу, можеби токму тогаш ќе се случи најдобро

Не се борете премногу, најубавите работи се случуваат кога ќе престанете да се надевате, кога малку ќе попуштите, кога повеќе не е толку важно.

Многу мотивациски тренери зборуваат спротивно, токму тогаш да дадете најмногу од себе и ако истраете, вашата цел ќе биде остварена, што е вистина. Но, во меѓучовечките односи не важи секогаш истата логика.

Некогаш во животот треба да си одиш, бидејќи на тој начин покажуваш дека се почитуваш себеси и дека ништо однадвор не може да има поголема цена, од она што е во тебе. Не се борете премногу, пуштете и времето да го направи својот дел од работата. Некои работи треба да созреат, а повеќе од се’ мора ние. Нема смисла со глава во ѕид.

Големината на некоја цел е цената која за неа сте подготвени да ја платите, но некогаш е многу помала цената да се откажете од се’, бидејќи сфативте дека не е толку вредно колку што мислевте. Затоа, за некои неостварени соништа треба да се заблагодариме, бидејќи, кој знае какви ќе бевме ако ги остваревме.

Не се борете премногу, пуштете и другите да се борат. Дајте им прилика и на другите да покажат колку се грижат, бидејќи ако не им ја давадете таа можност, ќе живеете во светот на илузиите, ќе живеете во заблуда дека во вашите односи е се’ супер и прекрасно, а кога ќе дојдат првите кризи, ќе видите дека не е се’ така како ви се чини.

Бидете мудри и читајте меѓу редови, давајќи им на другите воздух, им давате прилика и тие да се потврдат и рамномерно да ги поделите сите тешкотии на односот и животот. Не се борете премногу, има и други цели. Ако така силно се борите за секоја цел, нема да преживеете, бидејќи ќе се скршите на првите препреки и ништо во животот нема да ви значи, бидејќи така ќе се изгубите себеси.

Борете се онолку колку што треба, ниту премалку, ниту премногу. Тоа е здрав, долгорочен пристап кон животот. Секогаш ќе имате прилика да дадете повеќе, ако дадовте помалку, но ако премногу се давате, ќе се скршите и ништо повеќе не може да се надомести.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: