Само да ти кажам: Сама си виновна, сонце!

Виновна, бидејќи само себеси си зборуваше- ‘Не’. Виновна, бидејќи твоето ‘само овој пат’ нема рок на траење. Виновна, бидејќи серијата ‘Компромиси’ ја репризираш до бесвест.

Виновна, бидејќи дозволи да мислат дека си таква, а во меѓувреме и самата заборави каква си. Виновна, бидејќи дозволи огледалото кое го гледаш да добие облик на сите луѓе со кои се споредуваше.

Виновна, бидејќи се согласуваше на кусур, ронки, кора од пица која преноќи, на некој попуст бидејќи тоа ‘нешто’ е со поминат рок. Виновна, бидејќи со денови мислеше за еден лош коментар, а добрите ги ставаше во категорија ‘Mа, тоа е онака’.

Виновна, бидејќи работата стана живот, а животот застана поради работата. Виновна, бидејќи- ‘јас ќе го направам тоа’ во својата околина, ја воведе како олимписка дисциплина со еден натпреварувач.

Виновна, бидејќи ти се чинеше дека е полесно ако мислат дека си поглупа, послаба, инфериорна. Виновна, бидејќи ти не си се допаѓаш себеси, мислејќи дека ако не си бараш мана, ќе останеш сама. Виновна, бидејќи сакаше за тројца, а тоа не беше нормално, а се жалеше и фрустрираше, заборавајќи дека тоа е твој избор, госпоѓо.

Виновна, бидејќи очекуваше, без да си кажеш. Виновна, бидејќи се сведуваш на сакање на другите. Виновна, бидејќи земаше малку, даваше премногу, па се прелеваше на сите страни. Виновна, бидејќи не наплаќаше камати на толку чекање да забележат.

Виновна, бидејќи те дефинираа, сечеа, цензурираа, си играа со твоето време, со твоите живци, додека ти беше пријатна и фина. Виновна, бидејќи повремено беше уверена дека не е до тебе, до прогнозата, до хороскопот, до се’.

А до тебе е. Бидејќи на сето тоа и да имаш уште да додадеш и кога јас застанав, на сето тоа, сонце мое, токму ти се согласи. Списокот на причини кои почнуваат со ‘ ма знам, но морав’ не е достапен и е без оправдување.

Извор: lola

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading