Само срцето никогаш не греши

Порано, бев сигурна дека човек треба да се запознае, кога со него се влегува во однос: пријателски, љубовен, службен. Дека треба да се дознае неговиот систем на вредност, како се однесува кон работите, да се одредат неговите уверувања.

Сега мислам дека човек прво треба да се почувствува. Мислам дека тоа не може да се научи. Тоа доаѓа само. Или не доаѓа. Можеби е поврзано со моментот, кога ќе почнеш да се чувствуваш себеси. Што си подлабоко во себе, тоа подобро ги чувствуваш другите.

Умот може да те излаже. Ја активира психолошката заштита, чулните филтери, непроверени информации и субјективни критериуми. А ти ги собираш податоците, анализираш, изведуваш заклучоци…и ја губиш суштината- интуитивно знаење за тоа каков е човек. Многу е површно, очигледно…

Позади надворешната иронија и сарказам се крие чувствителна душа. Зад надворешната самодоволност- ранлива природа. Зад агресија се крие болка и страв. Сето ова нема да го сфатиш, ако само слушаш што човекот ти зборува. Луѓето низ животот ги носат раните кои другите им ги нанеле. Затоа, дури и нивните дејства нема да ја кажат вистината. Само срцето никогаш не греши.

Лилија Ахремчик

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: