Сочувај малку себе во себе…Кога другите ќе си одат, да не бидеш сама

Кога ќе речете- ‘Јас имам вредност’, значи дека ја поседувате вашата најголема моќ. Наместо да се замарате со туѓи мислења и зборови, размислете малку за овие зборови.

Кога ќе кажеш – ‘Јас имам вредност’, ќе почнеш да се чувствуваш подобро во својата кожа, ќе ти бидат појасни твоите визии и ќе имаш повеќе волја за нивно остварување. Ќе сфатиш, дека тоа не е само обична фраза, туку реченица која во тебе ја буди заспаната сила.

Кога ќе кажеш – ‘Јас имам вредност’, ќе почнеш повеќе да се грижиш за односите со другите, нема да дозволиш никој да те искористува, ниту да ти зборува, што можеш да правиш.

Ќе ти биде јасно дека другиот е еднакво вреден и ќе се трудиш да го почитуваш и неговото достоинство, ако тој го почитува твоето. Ако тоа не го почитува, само ќе се тргнеш од него и ќе си одиш. Не мораш ништо да зборуваш, твојата вредност зборува сама за себе.

Кога ќе кажеш -‘Јас имам вредност’, ќе сфатиш колку на тебе можат да влијаат твоите зборови. Бидејќи, често ние, во туѓите зборови гледаме некоја моќ, да не’ охрабрат, за да не’ наполнат со убави чувства.

Некогаш со денови можеш да живееш со една пофалба, упатена од некој странец, пријател. Но, кога ќе сфатиш колкава моќ имаат твоите зборови, ќе почувствуваш дека е време за промени и ќе почнеш да го менуваш својот живот.

Кога ќе сфатиш дека никој освен тебе, не е должен тебе да ти каже колку си вреден, ќе почнеш почесто тоа да си го зборуваш. Кога си сам, кога ти е тешко, кога си поразен, кога си во моментот на искушение, ќе видиш дека секогаш ќе постои онаа твоја подобра страна која нема да дозволи да се откажеш.

Зборувај си себе си -‘ Јас имам вредност’, бидејќи само така ќе го подигнеш своето ниво на животот и ќе сфатиш дека среќата доаѓа тогаш кога ќе се откриеш себеси.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: