Што сакаат и мажите и жените во Љубовта?

Нема тоа многу врска со она во гаќите. Малку тоа се разбира. И понекогаш помалку за тоа се мисли.

Некој постојано да те учи, без да се подготвува за испит. Некој да знае да премолчи. Но, и да каже погласно, кога од сопствената бука во главата ништо не слушаш. Да не оди ниту напред, ниту зад тебе. Туку покрај тебе.

Некогаш и главата на рамо да можеш да ја спуштиш. Да не се морате. Да растете. Секаде и на сите начини. Поради некој да сте насмејани, разумни, подобри, полетни. Да не калкулираш, бидејќи се’ околу ионака доаѓа со некој број. Да не броиме и она внатре.

Поради тебе да ја слушне ‘таа’ песна, да ја прочита ‘таа’ книга, да го види ‘тој’ филм, за подобро да те разбира. Никој да не е ничии, а не пак сечии, а секој да се задржи себеси. Да не се делиме на половина, туку да бидеме целини кои се надоградуваат.

Секое чувство да е во ред, бидејќи сме сите чувства заедно понекогаш, само не можеме на сите да им ги покажеме. Да не значи Не и ништо друго. Да чувствуваш гордост што човекот покрај тебе дише и постои. Да не се споредуваме.

Сексот да не биде гимнастика или објективизација, туку пратење на мапата на телото, желбите, потреба и можност. Да смееш да не посакуваш. Да не мора никој никогаш да биде во право. За грешките да се разговара, а не да се преговара.

Да е во ред да исчезнат пеперутките, но да остане барем некој жубор, по некој бран или насмевка под мустак. Да не се ветуваме за засекогаш, да не се етикетираме со ‘најмногу’ на светот, да не живееме еден за друг, да не се обидуваме на другите да им покажеме квази романтични цитати.

Баш е едноставно. Сите посакуваат исто. Да постои личност на светот, која ќе биде благодарна за твоето постоење. Немој, малечка, да те менуваат за да ти речат ‘те сакам’.

Ти си токму сега за сите ‘Те сакам’ на овој свет.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: