Откачи се’, што ја навредува твојата душа

Не треба на никој да му го објаснувате својот живот, не докажувајте, на никој ништо не му покажувајте, само живејте. Не треба од луѓето да барате да ве разберат, бидејќи за оние, за кои вредите, знаат се’ за вас, а другите ќе се прават дека ве разбираат.

На никој не треба да му се правдате, зошто живеете така како што живеете, да ги откривате своите скриени мисли и чувства, ставајќи ги ‘на виделина’, бидејќи ќе ги искористат кога ќе дојде погоден момент.

Зошто, речиси цел живот бараме потврда? Колку работи во животот сме направиле поради аплаузот, кој сакаме да го добиеме од непознати луѓе, зборовите ‘браво’ или едноставни пофалби.

Колку време, ги потиснуваме вистинските копнежи на нашето срце, бидејќи посакуваме другите да не’ гледаат со восхит, дека нешто големо сме направиле. А, тогаш и на оние кои не не’ забележуваат, бидејќи не сакаат да не’ забележат, им ги опишуваме своите достигнувања, ги покажуваме медалите и трофеите, а нив едноставно не им е гајле.

Колку време трошиме на разни докажувања? Прво им докажуваме на другите колку вредиме, а потоа тоа истото си го повторуваме себеси. Сакаме некој тоа да ни го потврди, нагласи, да не’ потсети, а потребно е само да се живее, да се исфрли море од различни сомнежи и стравови и само да се препуштиме на моментот кој ќе ни дојде.

Многу ја развивме тактиката на различни оправдувања и изговори, ги негуваме, само да не ризикуваме, да не се обидуваме и на крајот да не успееме.

Не треба на никој да му го опишувате својот живот, да се докажувате, бидејќи тоа што паѓате, значи дека сте човек кој има образ и карактер, цел и соништа. Ако некој ве осудува, знајте дека во сопствената нутрина и себеси не се сака.

Единствено што треба е да се живее, со помалку тежина да се докажувате и оправдувате, ќе имате помалку негативни мисли и грижи во вашата глава, а повеќе убавина во вашиот живот.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: