Благодарам што ме остави, за да пораснам

Никогаш не помислував, дека еден ден мојата реченица:’Како можеше да ме оставиш? ќе се претвори во: ‘Благодарам што ме остави’. Беше тоа долг пат, по кој сеуште одам, за да научам најдобро што направи за мене.

Морав сериозно да пораснам. Да разберам длабоко во душата, која бев навистина и во што се претворив. Морав да се носам со остатоците на својата уништена самопочит, која погрешно се потпираше на мојот статус ‘жена’ или ‘мајка’- само да биде нечија половина.

Морав да се соочам очи во очи со својот најголем страв- како да живеам сама на светот. Потполно и апсолутно сама. Без некој, кој би можел да ми каже, дали постапувам правилно или не.

Морав да научам да му верувам на својот внатрешен глас, кој ми кажа да одам понатаму, во непознато, да најдам некој друг- наместо да ја пикам главата во песок, за да не видам како си одиш.

Морав да научам како да сметам само на себе. Јасно да видам низ болка и страдање, дека сум уште жена- убава, грациозна и смела. Иако не сум таа ‘со која ти е судено да бидеш’ јас и понатаму сум таа, која е вредна да се биде со неа.

Морав да научам да бидам трпелива, најмногу кон себе, кога се чинеше дека никогаш нема да престанам да плачам и просто да чекам…трпеливо да чекам време кога ќе можам да ја почувствувам искрата на радост среде бура.

Морав да научам да балансирам. Помеѓу она што мене ми треба и она што им треба на нашите деца.

Морав да се научам на пречувствителност. Како да не бидам на дистанца со други мажи, кои сакаат да ме сакаат, дури и кога не сум подготвена да им го отворам своето срце.

Морав да превземам одговорност за своите одлуки, иако сега гледам дека повеќето од нив беа неправилни и болни. Морав да го прифатам тоа, што луѓето зборуваат за мене. И да научам дека тоа е нормално. Силната жена се учи да оди со високо крената глава, дури и кога светот шепоти зад нејзиниот грб.

Морав да се научам на разбирање. Тоа што отсекогаш ми недостасуваше. Разбирањето на другите луѓе, кога носат одлуки кои јас не ги разбирам секогаш.

Морав повторно да научам да се чувствувам во целост. Дека не постои никој да ме дополнува, самата на себе да бидам доволна. Да сум храбра, убава, иако не сум совршена. А тоа е доволно.

Морав да научам дека никогаш не се согласувам да бидам нечија резервна варијанта. Заслужувам да бидам прва, една и единствена за оној кој е сигурен дека сум вредна за тоа.

Морав да ги прифатам своите недостатоци, да можам да живеам стварно, да не се претворам да бидам она што не сум.

Морав да научам дека моето срце може повторно да сака. Иако долго време не можев да ги искажам своите чувства кон нов човек, но чувствував дека тоа е можно, како некогаш што беше со тебе.

На крајот, морав да научам да простам. Бидејќи тоа е се’ што преостана, за да одам понатаму.

Извор: http://www.cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: