Јас се вљубив во човекот кој го создадов во моите мисли

Знаеш,
вечерва е од оние вечери кога недостигаш,
малку повеќе од вообичаеното..
И кога малку повеќе ќе подразмислам,
уствари и ТИ не си оној кој навистина ми недостига,
туку спомените со тебе…
Они ретките,
слатки моменти
поминати заедно
кои сега се
само
спомени…
Покрај спомените и,
да, илузијата..
Онаа убава,
романтична,
медена илузија
која ја направив
за тебе,
во мојата глава.
Онаа верзија во
во лудо се вљубив.
Јас се вљубив
во човекот кој јас го
создадов во моите
мисли,
а ти?
Ти само налик
наликуваше на него,
и
ништо повеќе.
И така..
И оваа вечер
како и другите
ќе пројде.
Би рекла без пораки
ама не.
Ќе има пораки.
И тоа многу пораки.
Пораки полни со реченици кои болат,
неискажани убавини навреме… Ќе има пораки
ама
не испратени,
се разбира,
како и претходните.
Нели егото не ни дозволув. Нели егото е она што не храни и заситува дури и во овие ваквите вечери.
Повици…
Нее.
Од каде кај нас толкава храброст за повик,
нели?!
Солзи?
Хмм, може би.
Ама после полноќ е тоа,
знаеш кога сите ќе заспијат… Да не не’ видат,
да не не’ слушнат…
Кој после ќе објаснува…
Кој после ќе лаже дека прашинка ни летнала в око, нели?
Болка??
Е да.
И тоа ќе има.
Амаа ќе се скрие.
Обично утре,
кога силно ќе изгрее сонцето
и
ќе се роди нов ден.
Па ќе пиеме кафе со пријателите,
па можеби така ќе ја потиснеме таа
“празнина”
во нас…
Добра ноќ.
(би додала
и
“неисполнета желбо”
ама ќе излажам.
Оти ти ми се исполни.
Стварно или не.
Се исполни.
Беше.
Траеше.
Помина.
Заврши.
Сврши.
Никогаш повеќе
(да)
не се повтори.)

Синоока

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: